(Видео) Израелската војска објави снимка: За една минута уништивме 70 позиции на Хезболах


izrael-hezbolah.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската војска соопшти дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашниот упад на командоси.


Припадници на командоската единица Егоз влегле во Ајната, населба покрај Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах.

Според соопштението, војниците таму пронашле големо количество оружје, вклучувајќи рачни ракетни фрлачи, автоматски пушки, гранати, противвоздушни проектили и друга опрема.

Во меѓувреме, како што наведува војската, припадници на единицата Маглан во таа област убиле „бројни оперативци на Хезболах“.

По завршувањето на претресите, израелските сили „за само една минута уништиле околу 70 терористички инфраструктури“, соопшти ИДФ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK