Маѓар најави укинување на информативната програма на државната телевизија во Унгарија


peter-magar-depositphotos_804997146_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја шокира јавноста, но и вработените во државната телевизија, откако најави крај на нивните информативни програми, обвинувајќи ги дека повеќе од една деценија изнесувале невистини.


Гостувајќи во емисија, Маѓар изјавил дека новинарите и уредниците повеќепати го навредувале него и неговото семејство, при што, како што рекол, биле споменувани и неговите малолетни деца, со тврдења дека не разговараат со него. Тој додал дека поради таквиот однос, до минатата недела не ги носел своите деца на тренинг.

Маѓар најави дека сегментите од информативната програма кои, како што рече, фабрикуваат лаги ќе бидат суспендирани и дека ќе се создаде независна и објективна редакција, со што, според него, ќе заврши пропагандата.

Тој истакна дека ќе биде формиран одбор кој ќе ја обезбеди независноста на државните медиуми, при што ќе се користат искуства од „Би-Би-Си“ или слични модели.

Во текот на емисијата, водителката се извинила во име на редакцијата, но, како што се наведува, тоа не било прифатено.

Маѓар изјавил дека медиумите биле необјективни и направил споредби со пропагандата, споменувајќи го и лидерот на Северна Кореја, како и нацистичкиот пропагандист Јозеф Гебелс.

Тој рекол дека од 2010 година емитуваната програма не содржела вистинити информации и дека таквата практика не може да продолжи, додавајќи дека по промената на власта на 14 април, за првпат била пренесена неговата прес-конференција во живо.

По 16 години власт на Виктор Орбан, Маѓар со својата партија Тиса освои повеќе од 140 пратенички места, додека Фидес освои 55.

Маѓар се појави на политичката сцена во 2024 година, во време кога владата се соочуваше со скандал поврзан со претседателско помилување на лице поврзано со случај на злоупотреба на деца. Претходно потекнува од конзервативно семејство и бил дел од круговите на Фидес.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK