СДСМ: Велигден помина, мерки нема, а цените растат


Продолжено-е-ограничувањето-на-цените-на-основните-прехранбени-производи-вода.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека по Велигден не се преземени конкретни мерки за заштита на животниот стандард, и покрај најавите од Христијан Мицкоски.


Од партијата наведуваат дека нема замрзнување или ограничување на цените на производите, нема мерки за поддршка за најранливите категории, ниту пак чекори за стабилизација на пазарот и намалување на ДДВ на храната.

Според СДСМ, граѓаните се оставени сами да се справуваат со скапотијата, а како што велат, се реализирале нивните предупредувања дека без навремени мерки ќе дојде до спирала на поскапувања.

Во соопштението се посочува дека основните прехранбени производи, месото, зеленчукот, маслото и јајцата поскапеле, додека секојдневните трошоци за живот растат.

Од партијата оценуваат дека поради ваквата состојба семејствата се соочуваат со празни фрижидери и неизвесност како да го поминат месецот.

СДСМ бара Мицкоски да преземе мерки за намалување на цените и да го промени, како што наведуваат, игнорантскиот однос кон граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK