Швајцарската програма продолжува со поддршка за поголема транспарентност на Собранието


sobranie.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Швајцарската Програма за поддршка на Собранието продолжува да соработува со законодавниот дом кон поголема отвореност, одговорност и инклузивност преку анализи на собраниската работа, воведување на дигитални алатки за поголема транспарентност и едукативни активности за запознавање на граѓаните и младите со работата на законодавниот дом.


Еден од новитетите кои се воведени е едукативниот модул „Новинарството во акција: Учење за демократија преку истражување“, кој ќе биде дел од предметот граѓанско образование во основно образование. Преку овој пристап, учениците ќе имаат можност да учат и размислуваат критички и да ја разберат својата улога како активни граѓани. Модулот во моментов се пилотира во три основни училишта.

Паралелно, Програмата вложува и во дигитални алатки што го доближуваат Собранието до граѓаните. Во таа насока, развиена е веб-платформата за канцеларии за контакт со граѓани (https://kancelarii.sobranie.mk/), која овозможува поедноставно закажување средби со пратеници, поднесување иницијативи и следење на нивната реализација.

Дополнително, преку Парламентарен хакатон со студенти, развиена е и апликацијата „Прашај ВИ асистент“ (https://prashaj.sobranie.mk/), која преку вештачка интелигенција ги анализира пленарните седници и овозможува брз и интуитивен пристап до информации. Со оваа алатка, граѓаните, новинарите и институциите можат полесно да се снаоѓаат низ обемните собраниски видео материјали и да ги пронајдат релевантните содржини.

Покрај новите алатки, Програмата обезбедува и континуирана анализа на работата на Собранието. Квалитетот на дебатата во парламентот е оценета со 5,7 на скала од 1 до 10, покажува најновиот извештај „Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2025)“.
📎 Целиот извештај е достапен на:
MK: https://shorturl.at/83GAY
SQ: https://shorturl.at/06Vat
ENG: https://shorturl.at/mtorW

Мобилниот караван на Собранието, кој годинава се одржува по трет пат, ќе има засилен фокус на младите, универзитетите и промоцијата на дигиталните алатки, со цел да придонесе кон поголема транспарентност, пристапност и граѓанско вклучување. Караванот се планира да започне од 27 април во Штип и да трае до 05 јуни со завршен настан во Скопје покривајќи ги во меѓувреме и градовите Охрид (28.04), Битола (08.05), Свети Николе (12.05.) Прилеп (15.05) Гостивар (22.05) и Тетово (29.05).

Швајцарската Програма за поддршка на Собранието е проект на Владата на Швајцарија, под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија, а се спроведува од страна на Националниот демократски институт (НДИ), во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK