(Фото) Ѓорѓиевски на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм: Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир


orgce-gj.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствувал на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници.


„Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов и мир.

Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот.

Ден кога човештвото ја добива најголемата утеха и најсилната порака, дека љубовта Божја е посилна од сè и дека секое страдање има своја смисла, а секоја жртва, своја светлина.

Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе. Деновите што изминаа беа време на тишина, преиспитување и духовно очистување, пат што нè води кон обновување на душата. Токму затоа денес, со чисто срце и отворена душа, го славиме Воскресението Христово, носејќи ја во себе радоста што нè обединува и нè прави подобри луѓе.

Нека овој светол празник ни донесе здравје, љубов и благосостојба, нека ни ја зацврсти верата и нека нè поттикне на добрина, разбирање и човечност.

Да си подадеме рака еден на друг, да простиме, да помогнеме и да продолжиме напред со надеж и вера“, порача Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK