Орбан до Туск и Трамп: Европа оди кон криза, укинете санкции и мислете на своите народи


Orban-Depositphotos_730762616_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Европа се соочува со една од најтешките економски кризи во својата историја и повика на итно укинување на санкциите за руските енергенси, пренесе Анадолу.


„Европа oди кон една од најтешките економски кризи во својата историја… Единствениот излез е укинување на санкциите“, напиша Орбан на X, додавајќи: „Наместо да се поттикнува војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналде“.

Неговата изјава доаѓа како одговор на полскиот премиер Доналд Туск, кој го обвини дека работи во корист на Русија и го нарушува европското единство.

Во меѓувреме, глобалната енергетска криза дополнително се продлабочи по конфликтот на Блискиот Исток, со напади меѓу САД, Израел и Иран, што предизвика жртви, штети и нарушувања на пазарите и воздушниот сообраќај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK