Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук

– Србија денес преку директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија реагираше на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово, „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, оценувајќи ги како „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на Северна Македонија“, јави дописникот на …

Continue Reading

Стартен пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации

 – Македонската машка кошаркарска репрезентација со пораз ги почна олимписките претквалификации, откако вечерва загуби од Израел со 65-86. Во воведниот натпревар на претквалификацискиот олимписки турнир што денеска почна во Талин, македонскиот состав од самиот почеток беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше девет поени (38-47). Израел ги реши дилемите околу победникот во третата четвртина која македонските кошаркари ја загубија со …

Continue Reading

Папата Франциск повика на прекин на политичкото насилство во Еквадор

– Папата Франциск го осуди вчерашниот атентат на претседателскиот кандидат на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на помалку од две недели пред претседателските избори, и повика на прекин на политичкото насилство во јужноамериканската земја. „Соочени со страдањата предизвикани од неоправданото насилство, кое безрезервно го осудува, Неговата Светост ги повикува сите граѓани и политички сили да се обединат во заеднички …

Continue Reading

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

 – Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. Пред концертот на публиката и …

Continue Reading

Сплитско – далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани

 – Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска. Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на …

Continue Reading

Ерменија бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах

– Ерменија го покани Советот за безбедност на ОН да одржи итен состанок поради влошената хуманитарна ситуација во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан, кој главно е населен со Ерменци. Во писмото до претседателот на Советот за безбедност на ОН, кое Министерството за надворешни работи на Ерменија го испрати синоќа и го објави денеска, ерменскиот амбасадор во ОН Мхер Маргарјан рече дека …

Continue Reading

Кабинет на премиерот Ковачевски: За осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Република Северна Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме

 – Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Ви посочува дека пред сѐ, оваа посета на премиерот на Косово, Албин Курти е приватна посета, и за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан Ве молиме да се обратите кај организаторот, се вели во соопштението од Владата по повод реакциите по вчерашната посета на премиерот на Косово, Курти …

Continue Reading

За влез во државата на ГП Табановце се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез околу 30 минути

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. Од АМСМ информираа дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез …

Continue Reading

Спасовски на Првиот европски куп во Џудо

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обратил на Првиот европски куп во џудо, што се одржува во Скопје, на покана на претседателот на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, Владимир Трпаноски, а во присуство на претставници на Европската џудо федерација, Владата на Република Северна Македонија, на дипломатско-конзуларните претставништва, Агенцијата за млади и спорт, МОК, како и учесниците на …

Continue Reading