„Влажен термометар“ – индикатор за границите на температурата и влажноста на човечкото тело

Постои граница на висока температура и влажност во воздухот што може да ги издржи човечкото тело, што се мери со т.н. „термометар на влажната опкруженост“ (wet-bulb thermometer). Според научниците, климатските промени ќе доведат до зголемување на опасноста од смрт од топлотни удари. Дури и над апсолутната топлина, каде што сѐ повеќе се поставуваат нови температурни рекорди, отпорот на луѓето се …

Continue Reading

Џорџа Мелони во пародија на „Барби“

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони и вицепремиерот Матео Салвини се во главни улоги во нова „дипфејк“ пародија на филмот „Барби“. Во кусото хит-видео што трае помалку од две минути, Мелони е „Барбиката“, а Салвини е Кен. Се појавуваат и други политички фигури од Апенинскиот Полуостров. Разговорот е преземен од филмот. Видеото е направено со помош на вештачка интелигенција и „дипфејк“ …

Continue Reading

На територија на СВР Битола 89 казни за брзо возење

Казнети се 89 возачи на територијата на СВР Битола во вчера спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Од вкупно 89 возачи, информираа денеска од МВР, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Од МВР најавија …

Continue Reading

„Кајмак“ ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал и на уште четири фестивали

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа.  „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски, …

Continue Reading

На Деве Баир запленети 300 парчиња филери во вредност од 9000 евра

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. -Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При …

Continue Reading

Во јуни минимално намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во јуни годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво и пониски за 43 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени на моторните бензини во јуни се повисоки за 4 отсто на месечно ниво, а пониски за 40,6 отсто на годишно ниво. Дизел горивата, …

Continue Reading

Премиерот на Камбоџа заминува од власт, но во новата влада ќе биде неговиот син и деца на министри

Камбоџанскиот премиер во заминување Хун Сен објави список на луѓе кои се очекува да бидат дел од новиот кабинет, а меѓу нив има и деца на неговите блиски сојузници или поранешни министри. Хун Сен, кој беше лидер на Камбоџа речиси четири децении, е во процес на предавање на власта на својот син Хун Манет откако Камбоџанската народна партија победи на …

Continue Reading

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 0,6 процента. Во однос на странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно за 1,4 проценти. Во јуни 2023, во споредба …

Continue Reading

Спасовски: Корупцијата во првите шест месеци од годинава намалена за 22 отсто

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук наведе дека корупцијата во првите шест месеци од годинава е намалена за 22 отсто, во споредба со 2022. Спасовски наведува дека досега имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари. -Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, …

Continue Reading