Бројот на загинати во излетувањето на воз во Пакистан се искачи на 30, а 60 се повредени

Бројот на загинати во излетувањето на воз од шините во јужен Пакистан се искачи на 30, додека бројот на повредени на 60, а спасувачките операции се уште се во тек, соопштија денеска официјални лица. Возот патувал од Карачи до Равалпинди кога сите 10 вагони излетале од шините во близина на железничката станица Сархари во близина на Навабшах, во јужната провинција …

Continue Reading

Пријави за семејно насилство во кумановско и во тетовско

Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во полиција во текот на вчерашниот ден. Во кумановско, син ја нападнал неговата мајка, додека во тетовско сопругот ја нападнал сопругата. -Полициски службеници од СВР Куманово во 22 часот, го лишиле од слобода С.Н., на возраст од 52 години, од кумановско село, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка. …

Continue Reading

Во Ниамеј преовладува мир пред да истече ултиматумот на ЕКОВАС

Во главниот град на Нигер, Ниамеј, денеска преовладува мир, неколку часа пред истекот на ултиматумот што ѝ го дадоа на нигерската хунта земјите од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) за враќање на власт на демократски избраниот претседател Мохамед Базум, пренесуваат британските медиуми. Минатата недела, земјите од ЕКОВАС им дадоа на пучистите кои го соборија Базум една недела да го …

Continue Reading

Две лица од Србија потешко повредени кога нивниот автомобил излетал од патот

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две се полесно повредени во несреќата што се случила рано изутрината откако нивното возило „Шевролет“ со српски регистарски таблици излетало од автопатот А1 на делницата Гевгелија – граничен премин Богородица, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Во Полициската станица Гевгелија во 01.40 часот било пријавено дека на автопат А1, на делницата …

Continue Reading

Полицискa кола излетала од патот по удар од товарно возило што превезувало дрва

Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со …

Continue Reading

Македонската кошаркарска репрезентација по втор пат во два дена поразена од Полска

Македонската и полската кошаркарска репрезентација одиграа уште еден контролен меч во Белград. И денешниот, како и вчерашниот го доби Полска.   На втората контролна средба одиграна во СЦ „Ранко Жеравица“, Полска победи со 84:52, по одличната втора четвртина која ја реши во своја корист со 30:19.   Македонскиот селектор Александар Јончевски одлучи на оваа втора проверка во Белград да ја …

Continue Reading

Во несреќа во забавен парк на југот на Франција загина 17-годишно момче

Седумнаесетгодишно момче загина, а 19-годишна девојка е тешко повредена во несреќа што се случила вчеравечер во забавен парк во близина на градот Безиер на југот на Франција, соопшти државниот обвинител Рафаел Баланд. Забавниот парк во Кап д’Агде, во близина на Безиер, беше затворен утрово, а полицијата ја опколи областа околу него. -Две лица загинаа додека се наоѓаа во атракцијата „Адреналина“. …

Continue Reading

Одржана седмата изложба на олдтајмери во Делчево

Изложба на стари автомобили по седми пат се одржа денеска во Делчево. Таа го побуди интересот на сопствениците на олдтајмери од неколку градови од државава, но и од Бугарија и од Србија, кои во бројка од околу стотина, учествуваа на популарното „Ретро кар шоу“, што го организираше делчевското здужение „Кингс оф д роудс“ (King’s of the road’s). Изложбата ја красеа …

Continue Reading

Едно лице загина во судирот на реморкер со танкер во Суецкиот канал

Еден од членовите на екипажот на реморкерот кој потона по судир со танкер во Суецкиот канал загина, изјави претседателот на поморската управа, адмирал Осама Рабиех, цитиран од египетските медиуми. Останатите шест лица на шлеперот „Фахд“ се спасени и пренесени во болница. Судирот се случил во областа Бала додека Чинагас Легенд, танкер за течен гас, бил на пат од Сингапур кон …

Continue Reading