Пожар кај Трогир, ветер разгорува оган кај Дубровник

– Во Сегет кај Трогир попладнево се разгоре пожар кој го гасат три противпожарни единици-Трогир, Каштела и Сплит, но силниот ветер ја отежнува акцијата, јавија хрватските медиуми. Како што соопшти хрватското Министерство за одбрана, во гаснењето на пожарот во Сегет Горњи учествуваат три канадери. Пожарот во Сегет Горњи кај Трогир, кој избувна денеска попладневните часови, го гаснат околу 60 пожарникари …

Continue Reading

Вучиќ: Ќе инвестираме уште повеќе во беспилотни летала и сопствено производство на дронови

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека денешната показна вежба на припадниците на Војската на Србија на Пасуљански ливади била многу добра и најави нови инвестиции во воена опрема, особено во беспилотни летала, јави дописникот на МИА од Белград. -Целта на денешната вежба беше координација меѓу беспилотните летала и позициите за гаѓање на теренот за побрзо истрелување на проектили …

Continue Reading

СП во пливање: 20 златен медал за Американката Ледецки

– Американската пливачка Кејти Ледецки дојде до својот 20 златен медал на светски првенства, откако триумфираше на денешната трка на 1.500 метри слободен стил во јапонскиот град Фукуока. Седумкратната олимписка победничка Ледецки влезе во трката како апсолутен фаворит и исплива 1.500 метри за повеќе од 13 секунди побрзо од Италијанката Симоне Квадареља. Бронзениот медал го освои Ли Бингџи од Кина. …

Continue Reading

САД повторно станаа членка на УНЕСКО

– Соединетите Американски Држави, по речиси петгодишен прекин, повторно станаа членка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Официјалната церемонија на подигање на американското знаме се одржа во седиштето на организацијата во Париз, на која присуствуваа генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле, првата дама на САД, Џил Бајден и првата дама на Франција, Брижит Макрон. За …

Continue Reading

Пратеник во украинскиот парламент уапсен поради наводно предавство

– Пратеникот во украинскиот парламент, Олександр Пономарјев, е уапсен под сомнение дека го прекршил членот 111 од Кривичниот законик на Украина, кој се однесува на предавство, јави Радио Слободна Европа. Вработените во Службата за безбедност на Украина и Државното биро за истраги тврдат дека откриле „дека тој соработувал со Руската Федерација“. Пономарјов беше избран во Врховната Рада од редовите на …

Continue Reading

Ѓуроски: Ни претстојат тешки натпревари во олимписките претквалификации

 – Македонските кошаркари ги очекуваат тешки натпревари на претстојниот претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри 2024 во Париз, оцени денеска еден од најискусните играчи во репрезентацијата, Стојан Ѓуроски. Искусното крило е свесен дека пред него и соиграчите се јавува нов предизвик кој со себе го носи играњето во претквалификациите за настап на Олимписките Игри во Париз. – Ни претстојат …

Continue Reading

Светското првенство за фудбалери се ближи до рекордна посетеност

– Светското фудбалско првенство во женска конкуренција, чиј домаќини се Австралија и Нов Зеланд, е на пат да постигне најдобра посетеност во историјата на мундијалските турнири, соопшти денеска ФИФА. По воведните пет денови бројот на продадени влезници веќе надмина 1.5 милиони, што е нов рекорд во историјата на женскиот фудбал. Воведните 12 натпревари досега ги следеле 364.000 гледачи, или во просек …

Continue Reading

Штрајкови во Израел поради судските реформи

– Илјадници израелски лекари денеска стапија во штрајк, а лидерите на синдикатите се заканија со генерален штрајк еден ден по усвојувањето на законот со кој се ограничуваат овластувањата на Врховниот суд на Израел. Здружението кое ги застапува речиси сите лекари во Израел за денеска најави масовен штрајк, а работат само службите за итни и критични случаи. Четири водечки израелски весници …

Continue Reading

ЦУК: Пожарот во Катланово е локализиран и се догасува од пожарникари

– По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана. -Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е …

Continue Reading