МЖ – транспорт од 1 јули укина 10 железнички стојалишта

– Македонски железници – траснпорт од 1 јули, годинава укина десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“. Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. …

Continue Reading

Красниќи: Вонредните избори се решение за излез од сегашната ситуација

– Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Мемљи Красниќи денеска оцени дека распишувањето на вонредни избори во Косово е решение за излез од моменталната криза. Во разговор со американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, Красниќи рекол дека враќањето на Косово на евроатлантскиот курс „нема алтернатива“. „За ДПК целосно се неприфатливи едностраните и некоординирани акции на Владата на Косово, кои освен …

Continue Reading

Ковачевски-Филибек: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси

– Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска имаше средба со извршниот генерален секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек при што двајцата дискутирале за актуелните состојби и предизвици во државава, како и за претстојните процеси. Како што соопштија од владината прес-служба, извршниот генерален секретар на ПЕС, Филибек ги поздрави конкретните чекори на Владата во насока на исполнување на …

Continue Reading

СДСМ: Советот на град Скопје ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет. Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа …

Continue Reading

Во Вевчани утре прскање против комарци

– Екипите на Центарот за јавно здравје – Охрид утре ќе спроведат теристичка дезинсекција против комарци на територијата на општина Вевчани. Прскањето, како што соопшти Општина Вевчани, ќе биде во периодот од 20 часот до 4 часот утрото, со апарат за УЛВ ладно запрашување. – Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: Стружанка – Здравствен дом – сред село, Стружанка – сред …

Continue Reading

Гостивар: Прва старт-ап конференцијата на Младинскиот ресурсен центар „iCan“

– Младинскиот ресурсен центар „iCan“ во Гостивар организираше конференција чија цел е обединување на претприемачите, експертите од индустријата, младите луѓе со иновативни бизнис идеи, како и претставници на владините институции и локалната самоуправа за да ја поттикнат соработката. Во дискусиите на панелите беа разменети искуства и знаења поврзани со механизми за поддршка, можностите за раст на стартапите, финансирање и приспособливост. …

Continue Reading

Ноќни рестрикции на водата за пиење во Струга

– Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ воведува рестрикции со водата за пиење на територијата на општина Струга во периодот од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро. Таквата одлука, како што изјави за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ. Ограничувањето, нагласи, …

Continue Reading

Македонската репрезентација остана на 68. место на ФИФА листата

– Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68 место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), на која првата позиција ја задржа актуелниот светски првак Аргентина. Македонската репрезентација остана на 68. место со идентичен број бодови (1350.53) како и на претходното рангирање. Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе промени во Топ 10. На второто место е Франција, пред Бразил, Англија, …

Continue Reading

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија

– Шеесет и двегодишна жена од Сојузна Република Германија е загинатата личност во тешката сообраќајка што денеска се случи на автопатот Неготино – Демир Капија, информираше попладнево за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Денеска во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило …

Continue Reading