Македонската репрезентација остана на 68. место на ФИФА листата

makedonija_reprezentacija_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68 место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), на која првата позиција ја задржа актуелниот светски првак Аргентина.







Македонската репрезентација остана на 68. место со идентичен број бодови (1350.53) како и на претходното рангирање.

Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе промени во Топ 10. На второто место е Франција, пред Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 21 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK