Ескобар: Силно го поддржуваме процесот за уставни измени и ангажирани сме да нема нови барања од Софија

Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот  за надворешна политика на Конгресот на САД. – …

Continue Reading

Приведен крадец во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Перо Наков“ во Скопје вчера го лишиле од слобода С.Р. (20) од Скопје кој управувал мотоцикл за кој постоело сомнение дека бил одземен. Како што соопшти МВР, С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Мотоциклот бил вратен на сопственикот, а по целосно …

Continue Reading

Ескобар: Обврска на Косово е да формира Заедница на српски општини

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар за време на своето обраќање пред американскиот Конгрес изјави дека владата на Косово мора да почне со формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и оти двете страни мора да ги исполнат сите обврски што е можно побрзо. – Косово мора да формира ЗСО што ќе ги зајакне општините со заеднички …

Continue Reading

Клебер: Изјави во јавноста јасно ставија до знаење дека не сум многу добредојден во репрезентацијата

Кошаркарот на Далас маверикс, Макси Клебер изјави дека ќе го пропушти претстојниот Мундијал и нема да биде дел од германската репрезентација поради изјавите на Денис Шредер (Торонто). – Моите цели во кошарката и играњето за Германија се да бидам 100 отсто здрав, да му помогнам на тимот да победи и да бидам добар соиграч. Многу тешката одлука да не играм …

Continue Reading

Без вода дел од улица „Орце Николов“

Прекин на водоснабдувањето денеска, од 8 : 15 часот, ќе имаат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од бензиската пумпа Макпетрол до Клуб на новинари. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причина за прекинот е дефект во шахта на бул.„Илинден“ бр.3.

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска на конференција на ЕЦБ: Повисок економски раст на земјите од Западен Балкан со повисока трговска и финансиска интеграција

По глобалната економска криза процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забави во голема мера како резултат на структурните пречки поврзани со фундаменталните фактори на растот – човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на 9. конференција на Европската централна банка на тема „Менување на геополитичкиот пејзаж ‒ економски последици за Централна, …

Continue Reading

Во акциска контрола во Кисела Вода и Сопиште казни за 41 возач

Вкупно 41 возачи се санкционирани во засилената акциска контрола во делот на сообраќајот што вчера во периодот од 18:00 до 23:00 часот беше спроведена на територија на општина Кисела Вода и Сопиште во Скопје. Од нив, како што информира МВР, 18 се санкционирани за возење повеќе од дозволената брзина, три за возење без возачка дозвола, на четири им се изречени …

Continue Reading

Се снима филм за Снежана и седумте (политички коректни) „магични суштества“

Продукциската куќа „Дизни“ го снима новиот игран филм „Снежана“, што во кината треба да се прикажува следната 2024 година. Улогата на Снежана ѝ е доделена на Рејчел Зеглер, а „Злобната кралица“ ќе ја глуми Гал Гадот. Во другите улоги ќе се појават Ендрју Брнап, Кејти Хардвик, Миса Којде, Дажона Гифт, Дин Нолан, Џошмејн Џозеф и други. Режијата е на Марк …

Continue Reading

Французинка погодена од метеорит на својата тераса

Жена, на почетокот на овој месец, додека седела на својата тераса пиејќи кафе, на североистокот на Франција доживеала несреќа, кога ја погодил метеорит со големина на пинг-понг топче. Случаите во коишто метеорити удираат во луѓе се исклучително ретки, но една Французинка се најде меѓу нив откако метеорит ја погодил кај ребрата. Таа, како што раскажува прво слушнала звук на покривот, …

Continue Reading