ОН: Предлогот за нов британски закон за имиграција не е во согласност со меѓународното право

– Британскиот Парламент гласаше за предлогот за нов закон за имиграција, кој Обединетите нации го оценија дека не е во согласност со меѓународното право. Законот е клучен чекор за конзервативниот премиер Риши Сунак, кој ја стави борбата против илегалната имиграција приоритет. Новиот закон има за цел да ги спречи мигрантите кои нелегално пристигнале во Британија да бараат азил во таа земја. …

Continue Reading

Уставниот суд во четврток ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за Законот за матичната евиденција

– Од Уставниот суд информираат дека наместо утре, во четврток ќе се одржи седница на чиј дневен ред е иницијативата поднесена од политичката партија „Левица” за Законот за матичната евиденција. – Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот …

Continue Reading

Приведени две лица од Валандово и Гевгелија за поседување дрога

– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Одделението за внатрешни работи во Валандово запреле патничко возило „ауди“ со валандовски таблички управувано од З.А. (27). При преглед на возилото пронајдена е торба во која имало два килограми марихуана. Лицето е лишено од слобода и за случајот е известен јавен обвинител. Малку подоцна, по добиена наредба од судија …

Continue Reading

Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја и вода

– ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури  во овој период. -Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана вчера, во еден од …

Continue Reading

Зголемен број на интервенции на Итната медицинска помош во Скопје

– Екстремно високите температури на воздухот во земјава влијаат на здравјето на граѓаните. Итната медицинска помош вчера и денеска бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. До денеска попладне било интервенирано во 36 случаи. Според информациите од итната медицинска помош, станува збор за лица повредени во сообраќајни несреќи, несвестици, зголемен крвен притисок, а медицинските екипи интервенирале и …

Continue Reading

Јапонија воведува забрана за извоз на половни автомобили во Русија

– Јапонските власти како дел од новиот пакет санкции ќе воведат забрана за извоз на половни автомобили во Русија поради нејзината инвазија на Украина. Одлуката за забрана на извоз на користени автомобили, кои се многу барани во Русија, е насочена кон зајакнување на ефективноста на веќе постоечките санкции, јавија јапонски медиуми. Портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно на прес-конференција ја …

Continue Reading

Во Албанија полицијата за една недела уништила над 20 илјади стебла марихуана

– Во рамки на големата полициска операција „Чиста територија“, во која биле вклучени над 100 полициски службеници и шест дронови, во еден ден уништени се, со палење, 6.120 стебла марихуана, објави новиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала. -Признание до државната полиција за акцијата против одгледувањето наркотични растенија во подрачјата на Скадар, Малсија е Маде, Вау и Дејс, Лежа и Круја, …

Continue Reading

Приведен стружанец, во неговиот дом пронајдена марихуана

– Дваесет и три годишен стружанец е приведен поради поседување марихуана, соопштија денеска од Министерството за внатрешени работи. Според информацијата, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга вчера во струшкото село Мислешево во 16 часот и 40 минути го лишиле од слобода Ц.К.(23) од Струга. – При претрес во …

Continue Reading

Во Дебар ова лето нема рестрикции на водата за пиење, но се препорачува да се користи рационално

– По многу години наназад, првпат ова лето корисниците на вода за пиење од водоводот Росоки-Дебар не се соочуваат со рестрикции во снабдувањето. Тоа е резултат на успешно спроведените проекти од Јавното комунално претпријатие „Стандард“ – Дебар потпомогнато од локалната власт. Пред се,  проектот со кој беа заменети 65 вентили стари три и пол децении односно од изградбата на водоводот. …

Continue Reading