Американска нуклеарна подморница вплови во јужнокорејските води, првпат по 1980-тите години

Американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон (SSBN) заплови во територијалните води на Јужна Кореја за првпат од 1980-тите, изјави денеска Курт Кембел, координатор на Белата куќа за Индо-пацифичкиот регион, со што потврди дека двата сојузника почнале разговори за координиран одговор во случај на нуклеарна војна со Северна Кореја. Кембел потврди дека посетата на американската делегација е во тек, …

Continue Reading

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу …

Continue Reading

Кровните градини можат во Скопје да ја намалат температурата за 4 Целзиусови степени. Тие се иднината на урбаното живеење!

Во бетонската џунгла на раздвижените градови, може да се создаде зелена револуција, буквално со малку креативност. Кровните градини на покривите на зградите може да направат забележителна трансформација за време на летните горештини. Со малку труд може да се создаде освежувачка оаза среде урбаниот хаос. Со нивните извонредни придобивки и за животната средина и за урбаните жители, овој вид зелени површини …

Continue Reading

Нoво издание на Капиталното дело „ За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков

Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави книгата „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, со што ја одбележува 120-годишнината од појавата на капиталното дело за македонскиот јазик. -Според Блаже Конески појавата на книгата е значаен настан во национално-културната историја на македонскиот народ и претставува континуитет во новата историја на нашиот народ, што постапно и неминовно води кон неговото национално осознавање, …

Continue Reading

Манчестер сити ја одби понудата на Ал Ахли од 21 милион евра за Марез

Манчестер сити не е задоволен од понудата на Ал Ахли за крилниот напаѓач Ријад Марез. Според новинарот „Сајмон Џонс“, Сити ја одбиле понудата на саудискиот клуб од 21 милион евра за 32-годишниот Алжирец. Забележано е дека Британците очекуваат да заработат повеќе за играчот. Претходно беше објавено дека Ал Ахли е подготвен да му понуди на Марез 46 милиони евра годишно. …

Continue Reading

Летно хуманитарно кино во Куманово

Клубот на млади при општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Центарот за меѓукултурен дијалог организира хуманитарно летно кино, информираа денеска од организацијата. – Со почеток од 20:00 часот во училишниот двор на основното училиште „Вук Караџиќ“. Цената на билетот е 50 денари и сите средства собрани од продадените билети ќе бидат донирани за Теодосија, информираа од Црвен …

Continue Reading

За брзо возење вчера казнети 223 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територијата на државава  биле казнети 223 возачи за возење со брзина поголема од дозволената. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. -Притоа 94 возила …

Continue Reading

ОН: Околу 9.300 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Според потврдени податоци на Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија врз Украина во земјата се убиени околу 9.300 цивили, а над 16.300 се повредени, јави украинската агенција Укринформ. -Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (од почетокот на руската инвазија), 9.287 цивили се убиени, а 16.384 се повредени, главно во гранатирање од страна на руските вооружени сили, изјави …

Continue Reading

Екстремните горештини предизвикуваат шумски пожари и во САД и Канада

Европа не е единствениот дел од светот што гори, јави Би-Би-Си. Интензивни топлотни бранови се чувствуваат низ северна Америка, особено во западниот и јужниот дел на САД. Повеќе од 80 милиони луѓе добија совет од владата да се засолнат од „интензивната“ горештина во регионот. Шумски пожари се распламтија во текот на изминатите неколку дена во Калифорнија и изгореа огромни делови …

Continue Reading