Декарбонизација

Во јавните медиуми денес многу често го сретнуваме/слушаме зборот декарбонизација. За да го објаснам значењето на овој збор првин да кажам нешто за климатските промени бидејќи овој збор се однесува за нив. Климатските промени настануваат заради ефектот на стаклена градина кој што се создава од емисиите на стакленички гасови, а тие се: јаглерод-диоксид (СО2), метан (СН4), азотен оксид (N2H) и …

Continue Reading

Исчистено коритото на Градска река во Прилеп

Преку 2000 метри кубни смет се подигнати и транспортирани на градската депонија во Алинци од речното корито на прилепската Градска река. Градските власти и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп го исчистија коритото и оневозможија сметот во Реката, поради дождовите, да направи големи штети кај населбата “Димо Наредникот“. -Завршуваме со чистењето на речното корито на Градската река, од мостот кај …

Continue Reading

Зеленски во ненајавена посета на Словачка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Словачка, соопшти Кабинетот на словачката претседателка Зузана Чапутова. Зеленски вчера беше во Бугарија и Чешка, а вечерава е предвидено во Истанбул да сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Украинскиот претседател го засилува притисокот врз членките на НАТО за поголема помош и поддршка за членството на Украина во изминатите недели, …

Continue Reading

Формирана комисија за стручен надзор за случајот со родилката која скокна од прв кат на ГАК

На барање на министерот за здравство Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, која скокна од првиот кат на Гинекологија. Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерството за здравство соопшти дека Комисијата е составена од двајца гинеколози, …

Continue Reading

Ковачевски – Мекарти: Македонија треба да продолжи да се движи напред

Од суштинско значење  Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија, беше истакнато на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување …

Continue Reading

Поранешен војник упатил смртни закани кон премиерот на Белгија, Де Кро

Поранешен војник упатувал смртни закани на интернет кон белгискиот премиер Александер де Кро, објавија локалните медиуми. Околу домот на поранешниот војник распоредени полициски сили, но засега нема информации дали тој е приведен. Исто така се распоредени дополнителни полициски сили околу домот на Де Кро. Според белгиските медиуми сè уште е непознато дали поранешниот војник е опасен и дали имал намера …

Continue Reading

Таравари: Отворен Балкан уште повеќе го поларизираше Западен Балкан

Од 2019 година, кога се иницира процесот на Отворен Балкан, континуирано ја изразуваме нашата резервираност за оваа асиметрична, неинклузивна и дупликативна иницијатива. Токму поради овие причини, Отворен Балкан не ја доби поддршката ниту од самата Европска Унија, во чие име беше започнат. Штетите на иницијативата во регионалната соработка во целина несомнено ги надмина индивидуалните придобивки во трите земји учеснички. Наместо …

Continue Reading

Во завршна фаза проектот за побрз транспорт на граничниот премин Ќафасан

Во завршна фаза е реализацијата на проектот „One stop shop“ на граничниот премин Ќафасан, информираше денеска директорот на Царинската управа Стефан Богоев, по средбата со неговиот албански колега Генти Гажели. Според него, во моментот се работи на поставување соодветна инфраструктура, со што граничните формалности меѓу двете држави ќе се реализираат само со едно застанување. Тоа значи олеснување на трговијата, транспортот …

Continue Reading

Битиќи: Вработените во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати со зголемена продуктивност и ефикасност на нивните работни места, изјави вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. За време на денешната посета на битолската фабрика Цермат, вицепремиерот Битиќи посочи дека очекува наредната недела да биде постигнат договор за општиот колективен договор. -Со синдикатите разговараме …

Continue Reading