Од понеделник ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Општина Центар информира дека од понеделник до петок ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Дезинсекцијата ќе се изврши во период од 22.00 до 03.00 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, посочуваат од општината, ќе се прска наредниот ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Од Кабинетот, се известуваат пчеларите …

Continue Reading

Османи: Социјалната кохезија меѓу различните заедници е клучот за стабилноста на секоја земја

Конструктивната сила на социјалната кохезија преовладува над деструктивното влијание на фрагментацијата и раздорот. Таа е одговорот на сите комплексни предизвици со коишто се соочува човештвото. Ова е една од главните поенти од обраќањето на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот настан по повод 30 години од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на …

Continue Reading

Ковачевски: За 27 семејства од Свети Николе обезбедивме дом и им помогнавме да си го решат егзистенцијалното и генерациско прашање

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување за станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев, денеска во Свети Николе на 27 семејства им ги доделија клучевите од социјални станови за домување. Ковачевски во своето обраќање ја истакна посветеноста на Владата во грижата кон најранливите во нашето општество, за граѓаните на кои државата треба да им помогне со …

Continue Reading

Куманово ќе го реконстуира малиот градски плоштад

Куманово го распиша тендерот за реконструкција на малиот градски плоштад кај Центарот за култура. Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување на пешачка зона, соопштија денеска надлежните од општината. Активностите се дел од проектот за реконструкција на …

Continue Reading

ТАВ Македонија беше домаќин на српски туристички блогер за промоција на Охрид и Охридското Езеро

ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, …

Continue Reading

Реакција на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски со неговите изјави застанува против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон. Мицкоски брани криминал докажан во транспарентен судски процес и се става над законите, над Уставот. Зборува дека ќе помилувал, дека ќе ги ослободувал сите од ДПМНЕ. Ниту е Мицкоски над Законот, ниту е над Уставот. …

Continue Reading

Мората ја одби Рома, чека трансфер во Милан

Италијанскиот печат пишува денеска дека 30-годишниот напаѓач на мадридски Атлетико, Алваро Мората, ја одбил понудата од Рома и чека трансфер во Милан. Ла Газета дело Спорт, но и други италијански весници, наведуваат дека Мората сака да се врати со Серија А, но притоа Рома не е негова посакувана дестинација. Според истите извори, Мората одбил какви и да е преговори со …

Continue Reading

Деспотовски: Нови 800 работни места во ТИРЗ за само шест месеци и договори за инвестиции од 280 милиони евра

Само од трите договори постигнати во првиот семестар годинава, планирани се над 4 500 нови работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Според него, во компаниите во зоните заклучно со средината на оваа година, надмината е бројката од 17 000 вработени. Како што рече Деспотовски на брифинг со новинарите, на крајот на минатата година во зоните …

Continue Reading

Додик го потпиша спорниот закон, сега би можел кривично да одговара

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на законот, што претходно беше поништен од високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. Од Кабинетот на Додик потврдија дека тој го потпишал законот, според кој одлуките на високиот претставник нема да се објавуваат во Службен весник на РС, ниту да се спроведуваат. Но, Шмит го …

Continue Reading