Дом на култура Кавадарци одбележува 70 години постоење, наредните три дена Меѓународен фолклорен фестивал
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци одбележува 70 години постоење и фолклорна дејност. Во рамки на одбележувањето на јубилејна седумдецениска активност наредните три дена ќе се реализира Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“. Како што информираше денеска Марјан Тодоровски од Културниот дом, фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Кавадарци на 6, 7 и 8 јули. …
Continue Reading
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Информации, Скопје
-
0 Comments
Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел …
Continue Reading
Отворен Центар за остеопороза и пуштен во употреба нов апарат за мерење на коскена густина во ГОБ „8 Септември“
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
Во ГОБ „8 Септември“ денеска беше отворен Центар за остеопороза и пуштен во употреба нов апарат за мерење на коскена густина – остеодензитометарот, со донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА. – Овој настан претставува чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме сеопфатна здравствена заштита на нашите граѓани. Сакам да изразам благодарност за оваа важна донација од Турската …
Continue Reading
Големата плажа – „улцињска Копакабана“ на Јадранот
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Магазин, Патувања
-
0 Comments
Прочуената Голема плажа што се наоѓа на самиот југ на Црна Гора, важи за најдолгата плажа на Јадранот. Оваа природна знаменитост е долга 13 километри и широка 60 метри, со површина од 600.000 квадратни метри и се протега од реката Бојана до пристаништето Милена во градот Улцињ, а капацитетот ѝ е дури 150.000 капачи. Затоа, околните жители си ја нарекуваат …
Continue Reading
Преку ублажување на кризата и економско јакнење на жените до поголема конкурентност и инклузија во претпријатијата
Преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност, ова беа заклучоците кои произлегоа од денешната конференција во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“. На настанот присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој изрази задоволство од ваквите проекти …
Continue Reading
Судот на ЕУ му го одзеде пратеничкиот имунитет на Пучдемон
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Судот на Европската унија денеска му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон што го уживаше како член на Европскиот парламент, додека тој се соочува со правна постапка во Шпанија. Пуџдемон, кој живее во самонаметнат егзил во Белгија, побегна од Шпанија во 2017 година за да избегне кривично гонење по краткотрајното прогласување независност, што го натера …
Continue Reading
Синкевичиус: Приклучувањето на Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
Приклучувањето на Северна Македонија кон Програмата на ЕУ за животна средина и климатска акција (ЛИФЕ) претставува можност за зајакнување заедничките европски активности за справување со климатските промени и загадувањето, за зајакнување на транзицијата кон чиста енергија, постигнување циркуларна економија и за заштита и обнова на биодиверзитетот, оцени европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус. – Нашата поблиска …
Continue Reading
Ковачевски – Дрекслер: Партнерството меѓу Македонија и Германија е силно и претстојат уште поголеми заеднички успеси
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Власт, Политика
-
0 Comments
Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер. На средбата биле сумирани впечатоците од минатонеделната посета на премиерот Ковачевски на Берлин. Притоа, како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Ковачевски изразил благодарност во име на Владата и на граѓаните на Северна Македонија за безрезервната поддршка од Сојузна Република Германија на демократските процеси …
Continue Reading
Анкета: Речиси 90 проценти од Бугарите оцениле дека корупцијата е широко распространета во земјата
-
Деск
-
July 5, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
Според резултатите од анкетата, презентирани денеска од Европска комисија, 88 проценти од Бугарите изјавиле дека корупцијата е широко распространета, осум отсто одговориле дека е „ретко распространета“, а за еден процент од испитаниците корупција во земјата „не постои“. Речиси половина од Бугарите (48 отсто) истакнале дека оние кои се фатени во ситна корупција добиваат „соодветни“ казни. Само 11 проценти го делат …
Continue Reading