Куманово ќе додели парична помош на Делчево за санирање на последиците од невремето

Куманово ќе додели 300.000 денари на општина Делчево за санација на последиците од невремето кое го зафати градот на 8 јуни, годинава, одлучија денеска советниците на 26-тата седница на советот. Предлогот до советот го достави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Доцевска Божиновска, а скоро едногласно беше поддржан од сите членови. – Во консултација со службите одлучивме …

Continue Reading

Миленковски: Целта ни е да собереме половина милион евра

Новата управа на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на денешната прес-конференција ја презентираше финансиската состојба и целта на акцијата за спас на „црвено-црните“. ФК Вардар се наоѓа во тешка финансиска состојба со блокирана сметка и долгови од околу три милиони евра. Сепак предводникот на новото раководство, Милорад Миленковски од навивачката група Комити, верува дека клубот може да се „дигне“, а …

Continue Reading

Мелони: НАТО треба да и понуди на Украина „реални гаранции за нејзината безбедност“

НАТО на лидерскиот состанок идната недела треба да и предложи на Украина „реални гаранции за нејзината безбедност“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. На заедничката прес-конференција во Варшава со нејзиниот полски колега Матеуш Моравјецки, Мелони додаде дека меѓу Рим и Варшава „постои целосна согласност по тоа прашање“. Следната недела на 11 и 12 јули во Вилнус ќе се одржи самит на …

Continue Reading

Меџити: Уште се работи на извештајот од инспекцискиот надзор на Гинекологијата, ќе го разгледаме и споделиме

Уште се работи на извештајот на инспекцискиот надзор на Гинекологијата, но ќе барам да го разгледаме и споделиме, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити одговорајќи на прашањето за родилката која се обиде да си го одзеде животот. Тој најави дека ќе работат на мерките на воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост, како превенција на …

Continue Reading

ЕК: Во ЕУ се бележи значителен напредок во владеењето на правото, но останува системската загриженост за состојбите во некои членки

Членките на ЕУ, целосно или делумно, спроведоа 65 отсто од препораките од ланскиот годишен Извештај за владеење на правото во Унијата, но сепак останува системската загриженост за состојбите во некои земјите, се наведува во денеска објавениот четврти Извештај на Европската комисија за владеење на правото во блокот. – Иако загриженоста за владеење на правото останува во некои земји членки на …

Continue Reading

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талески

СДС очајно се обидува да дефокусира од криминалот и корупцијата во нивните редови и во редовите на нивните газди од ДУИ. Народот веќе ги прочита. Секогаш кога СДС и ДУИ се заглавени во некој скандал, се инстументализира судството и обвинителството да ги вади и спасува. Затоа довербата о правосудството е во слободен пад. Правосудните органи се користат од страна на …

Continue Reading

Димитриевски до Владата: Дали одредени фирми добиваат милиони евра за концесија, а реалниот земјоделец само да преживее?

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека деновиве од многу земјоделци во Македонија пристигнало барање до него во нивно име да постави неколку прашања до Владата. „Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по килограм, а Министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по …

Continue Reading

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓанскиот сектор и локалните институции во Гостивар

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со остварување отворени средби со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре (6 јули 2023 година) можност за дискусија, како и мапирање на потенцијални системски проблеми со дискриминација ќе имаат граѓаните и активистите од граѓанските организации и претставниците на институциите во општина Гостивар и неговата околина. „На наше …

Continue Reading

Песков го отфрли како „фикција“ извештајот на ФТ за предупредувањето на Си до Путин

Кремљ денеска го отфрли како „фикција“ извештајот на Фајненшл тајмс (Financial Times) за тоа дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи нуклеарно оружје во Украина. Запрашан дали може да го потврди извештајот на ФТ, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека не може да го потврди тоа. Песков нагласи дека двете земји …

Continue Reading