Собраниска делегација на Генералното собрание на ИСП во Порто Карас, Република Грција

На јубилејното 30. Генерално собрание на Интерпарламентарно собрание на православието (ИСП) што во периодот од 29.6 до 2.7. 2023 година се одржа во Порто Карас, Република Грција, работата беше насочена кон одбележување на триесет години од основањето на оваа парламентарна организација на Православието (1993-2023), а во Декларацијата која беше усвоена акцентот е ставен на новите предизвици на христијанските вредности и …

Continue Reading

Избрани двајца нови проректори на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Универзитетските професори Ана Никодиновска-Крстевска и Дарко Лазаров се новите проректори на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Во соопштението од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ се наведува дека на денешната 229-та седница на Ректорската управа на УГД-Штип за проректор за меѓународна соработка е избрана проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска од Правниот факултет. -Проф. д-р Ана Никодновска-Крстевска е вонреден професор на Правниот факултет, …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: Честит Денот на независноста на САД, наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации

Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации и споделуваме заеднички вредности во сите општествени сфери, вклучувајќи ја и културата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по повод Денот на независноста на САД. Според министерката, од особена важност е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, …

Continue Reading

Руска новинарка и адвокат нападнати во Чеченија

Руска новинарка и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија. Јелена Милашина, новинарка од Новаја Газета и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни. „Новаја газета“ минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија. Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и …

Continue Reading

Советниците на ДУИ ја критикуваа работата на општина Тетово, Касами тврди дека се намалени долговите

Советот на Општина Тетово денеска одржа седница за советничка прашања, на која се разви дебата за долгот на локалната самоуправа и тетовските јавни претпријатија. Советниците поставија голем број прашања и за инфраструктурни проблеми. Од советничката група на ДУИ ја критикуваа работата на општината и посочија дека нема развој. – Речиси две години градоначалникот на општината не само што не ги …

Continue Reading

Реакција од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Нискиот и недоличен речник на Христијан Мицкоски, како и ниското ниво на комуникација на ДПМНЕ, полни со лични навреди и несоодветни лични квалификации најдобро ја покажува состојбата и очајот во којашто се наоѓа оваа партија и самиот тој. Да се споменуваат во ваков контекст возрасни личности кои не се инволвирани во политичкиот живот во земјава и да се омаловажуваат само …

Continue Reading

Почна изградбата на новиот мост на реката Отиња во Штип

Почнаа градежните активности за изградба на новиот мост кај хотелот „Оаза“ на река Отиња во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информира дека станува збор за мост кој побрзо ќе ги поврзи жителите на населбите од десната страна на река Отиња. Од денеска почнаа да се полнат темелите на мостот. Поради еднонасочниот сообраќај на улиците „Маршал …

Continue Reading

Најмалку тројца убиени и осум повредени во пукотница во Тексас

Најмалку три лица се убиени и осум повредени  во синоќешната пукотница во Форт Ворт, Тексас. Престрелката се случила во западниот дел на градот. Откако пристигнала по добиената дојава, полицијата на паркинг пронашла повеќе лица со прострелни рани. Засега идентификувани се 11 жртви, десет возрасни и едно дете. Полицијата се уште го истражува инцидентот. 

Continue Reading

Во Кривичен продолжи испитувањето на сведоци за случајот „Жан Митрев“, следно испитување на 4 септември

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Жан Митрев” со сведочење на сведоците кои се чувствуваат оштетено во однос на лекувањето на нивни блиски луѓе во клиниката в за време на пандемијата. Судењето со испитување на сведоците ќе продолжи на 4 септември. За време на денешното судење, двајца сведоци одговараа на прашања поставени од страна на …

Continue Reading