Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ

Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак. – Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции, изјави Черниак. Тој додаде дека бунтот на паравоената …

Continue Reading

Корисниците од Бутел 1 денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 8:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците лоцирани на улица „Хо Ши Мин“ од бр.246 до бр. 266 во Бутел 1. Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Ова е најлековито од сите растенија: се користи во јадења, а воедно е и прекрасен украс на терасата

Мајчината душица е подеднакво добро позната во медицината и во готвењето. Како традиционалниот зачин се користи од памтивек за чорби и разни супи како и за сосови од домати. Мајчина душица, името по кое е попозната мајчина душица, е грмушесто растение од фамилијата Labiatae, по потекло од медитеранските земји, особено погодно за карпести градини. Како и сите други карпести растенија, …

Continue Reading

Во Охрид едукативна работилница за намалување инциденти од небезбедна храна во градинките

Во Охрид денеска ќе се одржи едукативна работилница на тема „Намалување на инциденти од небезбедна храна во предучилишните установи – градинки”. Работилницата ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Најавено е обраќање на директорот на АХВ Николче Бабовски, кој ќе учествува на работилницата.

Continue Reading

Промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје вечер ќе се одржи промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ, во превод на Никола Кукунеш. Романот „Jазол“ во 2022 година ги добил некои од најпрестижните награди во Србија, наградите „Милош Црњански“ и „Владан Десница“. Романот е во издание на Здружението за книжевност, култура и уметнос „ЕКС ЛИБРИС“ од Скопје и е …

Continue Reading

Во Крушево седма година се организира фестивалот „When In Krusevo“

Од денеска од 2 јули во Крушево седма година по ред ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“, синоним за летна адреналинска авантура во највисокиот планински град на Балканот. Како што најавија организаторите, фестивалот на едно место обединува музика, спорт и култура, а целта е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и …

Continue Reading

Бектеши денеска на неформален министерски состанок на Енергетска заедница во Тепелена, Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на Енергетска заедница, што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија. Со состанокот, како што соопштија од Министерството за економија, ќе преседава Белинда Балуку, вицепремиер на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година. Најавено е дека на состанокот ќе се дискутира за повеќе теми …

Continue Reading

Џафери на конференција за одбележување на Меѓународниот ден на парламентаризмот во Леон, Шпанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска и утре во Леон, Кралство Шпанија, ќе учествува на конференцијата за одбележување на Меѓународниот ден на парламентаризмот, што се одржува, во рамки на парламентарната димензија на шпанското претседателство со Европската унија во втората половина на 2023 година. На конференцијата ќе учествуваат претседатели на Парламенти од земјите-членки на Европската унија, земјите …

Continue Reading

Потпишување договор за инвестициски грант за проектот Фотонапонска електрана Осломеј I

АД Електрани на Северна Македонија ќе потпише договор за инвестициски грант за проектот Фотонапонска електрана Осломеј I со водечката меѓународна финансиска институција, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Фотонапонска електрана Осломеј I ќе биде со моќност од 10 мегават часови. Во рамките на настанот, пред присутните ќе се обрати генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Стефанов.

Continue Reading