Алавес го победи Леванте и се врати во Ла Лига по една година пауза

Алавес синоќа по продолженија го победи Леванте со 1:0 во реваншот од плејофот за промоција во Ла Лига. Стрелец на единствениот гол во 120+9. минута беше Асиер Виљабре, реализирајќи пенал. По резултатите од две средби, Алавес победи со вкупни 1:0 и се врати во Ла Лига една година подоцна. Во сезоната 2021/22, тимот заврши на 20. место во шпанското првенство …

Continue Reading

Навивач втрча на терен и клекна пред Роналдо, прекинувајќи го натпреварот помеѓу Португалија и Босна

Навивач на португалската репрезентација истрча на теренот за време на синоќешниот натпреварот со Босна и Херцеговина. Во второто полувреме од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 во Лисабон, навивач со португалско знаме тргна кон напаѓачот на Кристијано Роналдо, го прегрна, а потоа падна на колена пред него и се поклони. Стана на нозе, навивачот повторно го прегрна 38-годишниот играч и го …

Continue Reading

Блинкен во посета на Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Пекинг на разговори со високи кинески претставници, јави државната телевизија коментирајќи дека ова е посета која има за цел обнова на заладените односи меѓу двете земји. Блинкен денеска прво ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг, со кого потоа ќе имаат и работна вечера. Американскиот државен секретар утре ќе …

Continue Reading

Верстапен ја освои пол-позицијата во Монтреал

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз синоќа во квалификациите за трката за Големата награда на Канада. Второ најбрзо време имаше Нико Хулкенберг од Хас, додека трет беше пилотот на Астон Мартин Фернандо Алонсо. Сепак, Хулкенберг трката ќе ја започне од петтото место поради казна од три позиции за пребрзо возење за време на црвени знамиња предизвикани од инцидентот …

Continue Reading

Велосипедска трка во општина Илинден

Во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација, денеска на територија на општина Илинден ќе се одржи Велосипедска трка со времетраење од 12:00 до 16:00 часот. Велосипедската трка, како што информираат од Општина Илинден, која е дел од официјалниот календар на државни првенства за велосипедисти, ќе се вози во должина од 100 километри, ќе биде од кружен карактер …

Continue Reading

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е недела, 18 јуни 2023 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 196 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 4 часот и 39 минути, …

Continue Reading

На денешен ден

18 јуни 2023   1429.- Француските сили под водство на Јованка Орлеанка и војводата од Аленсон, кај Пате ги стигнале и поразиле англиските сили кои се повлекувале по неуспешната опсада на Орлеан.   1583.- Во Лондон била издадена првата полиса за животно осигурување во светот.   1812.- Поради помали поморски инциденти дошло до војна меѓу САД и Англија, во текот …

Continue Reading

Од верските календари

18 јуни 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј. Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин …

Continue Reading