Верстапен ја освои пол-позицијата во Монтреал

verstapen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз синоќа во квалификациите за трката за Големата награда на Канада.







Второ најбрзо време имаше Нико Хулкенберг од Хас, додека трет беше пилотот на Астон Мартин Фернандо Алонсо.

Сепак, Хулкенберг трката ќе ја започне од петтото место поради казна од три позиции за пребрзо возење за време на црвени знамиња предизвикани од инцидентот на Оскар Пјастри во третиот квалификациски сегмент.

Па така веднаш до Верстапен, од првиот ред ќе тргне Алонсо, додека пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе стартуваат од 3. и 4. место.

Покрај Хулкенберг, казни во вид на губење на три позиции на почетокот на трката добија и Ленс Строл за блокирањето на Естебан Окон во вториот квалификациски сегмент, Карлос Саинц за блокирањето на Пјер Гасли и Јуки Цунода за блокирањето на Хулкенберг во првиот сегмент.

Трката за Големата награда на Канада ќе се вози вечер во Монтреал со почеток во 20 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK