Бислимоски: Цената на струјата не треба да се зголеми

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва соопшти дека е против сега да има зголемување на цената на електричната енергија. Во гостување на „Топ тема“, Бислимоски рече дека не би можел да каже колку ќе биде цената на струјата во евра зашто тоа, напомена, е одлука на менаџментот на ЕСМ и на Владата. Според него, ЕСМ треба …

Continue Reading

Резолуција во Конгресот за ослободување на новинарот Иван Гершкович, во Москва задржан уште еден Американец

Претседателот на Комисијата за надворешна политика при Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, денеска подржа резолуција со која се повикува на итно ослободување на Иван Гершкович, американски државјанин и новинар кој годинава во март беше незаконски задржан од властите на Русија. Во меѓувреме во Москва задржан е уште еден американски државјанин. За Гершкович, Мекол изјави дека тој „едноставно ја извршуваше својата работа, …

Continue Reading

Блинкен: Пентагон одобри нов пакет воена помош за Украина вреден 325 милиони долари

Пентагон обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вкупна вредност од 325 милиони долари, што ќе вклучува широк опсег на проектили, гранати и друга муниција наменета за зајакнување на контраофанзивата на украинските сили против Русија, јавија американските медиуми, цитирајќи изјава на Стејт департментот. Помошта ќе вклучува проектили што се сметаат за критични за системите за воздушна одбрана на Украина …

Continue Reading

Наскоро идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на проектот Отворен Балкан. Задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација, да овозможи пристап до неопходниот сет на податоци од Централниот регистар на население, за потребите на услугата за генерирање идентификациски број на граѓанинот, со цел целосно исполнување на обврските кои Владата ги има преземено во рамки на иницијативата Отворен …

Continue Reading

Почнуваат активности за примена на Патоказот за Праведна транзиција

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со усвојување Патоказ за Праведна транзиција и воспоставување Структура за водење на процесот на Праведна транзиција во Република Северна Македонија и го усвои Патоказот за Праведна транзиција на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Одлуката на Владата e во насока на отпочнување со активности кои ќе овозможат соодветно прилагодување …

Continue Reading

Путин не гледа потреба од воведување воена состојба во цела Русија, ниту за нова мобилизација

Не е неопходно да се воведе воена состојба на целата територија на Русија, но потребно е повнимателно да се работи на некои прашања, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со руските воени дописници, пренесуваат руските медиуми. Според него, „нема смисла да се воведува посебен режим или воена состојба во целата земја“. -Нема таква неопходност денес. Но, треба да работиме …

Continue Reading

Утврден Предлог законот за ратификација на спогодбата со Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро. Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа …

Continue Reading

Холандското воено разузнавање предупредило дека Киев планира минирање на гасоводот Северен поток

Холандската агенција за воено разузнавање (МИВД) ја предупредила американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека Украина во јуни минатата година планирала да го минира гасоводот Северен поток, јави Холандската радиодифузна корпорација. По добиената информација, Вашингтон го предупредил Киев да не го напаѓа гасоводот. Во септември 2022 година, сè уште необјаснети експлозии ги оштетија гасоводите Северен поток 1 и 2, преку кои …

Continue Reading

Маричиќ: Одобрени 100 милиони евра европски средства за поддршка на државава

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информира дека одобрени се 100 милиони евра европски средства за Северна Македонија. – Ангажманот на ЕУ за Северна Македонија на дело, одобрени се 100 милиони евра европски средства. Денес Европската Унија и европските институции уште еднаш ја покажаа поддршката за нашата земја. Европратениците во Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го усвоија предлогот на …

Continue Reading