Ципрас ја соопшти програмата на СИРИЗА за „просперитет на општеството“

Минимална плата од 880 евра, зголемување за 10 отсто на платите во јавниот сектор; враќање на 13-та пензија; намалување на ДДВ на прехранбените производи; предвидува, меѓу другото, економската програма на грчката опозициска партија СИРИЗА за „просперитет за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на партијата Алексис Ципрас синоќа ги презентираше седумте чекори од програмата „Грција 2027“, односно како …

Continue Reading

Петровска и Ѓурчиновски во посета на полигонот Итан Ален на Националната гарда на Вермонт

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го посетија полигонот за обука на Националната Гарда на Вермонт, Итан Ален, каде како домаќин ги пречека командантот на Националната гарда, генералот Грегори Најт. Како што соопшти Министерството за одбрана, на тренинг полигонот Итан Ален, министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски имаа можност …

Continue Reading

Гувернерот на регионот Херсон вели дека 600 квадратни километри се под вода

Околу 600 квадратни километри од украинската област Херсон на југот на земјата се поплавени, а 68 отсто се однесуваат на левиот брег на реката Дњепар, кој е под руска окупација, изјави денеска гувернерот на областа Олександр Прокудин. Тој на Телеграм напиша дека просечното ниво на водата утрово бил 5,61 метар. Околу 14.000 куќи се поплавени откако украинската брана Каховка беше …

Continue Reading

Полициската станица Аеродром привремено преместена во населба Лисиче

Министерството за внатрешни работи информира дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните. И во …

Continue Reading

Саманта се враќа во продолжението на „Сексот и градот“, засега во само една сцена

Враќањето на легендарната Саманта Џонс во продолжението на серијата „Сексот и градот“, сега под наслов – „И едноставно така…“ пријатно ги изненади обожавателите кои нетрпеливо ја чекаат втората сезона. Авторката на приказната, Кендис Бушнел говореше за враќањето на Ким Катрал во разговор за списанието „Варајети“. Самата глумица во мај потврди дека ќе се врати како Саманта. Но, засега во само …

Continue Reading

Видео: Ѕирнете во новиот изложбен салон на „Алумил“

„Алумил“, една од најсовремените компании за производство на алуминиумски системи за врати, прозорци, фасадни и outdoor системи, минатата недела го отвори новиот изложбен салон во Скопје, во склоп на компанијата во индустриската зона Кисела Вода на бул. Борис Трајковски 64А. Изложбениот салон се простира на површина од 250 квадратни метри и нуди можност посетителите во живо да ја испробаат функционалноста …

Continue Reading

Црна Гора: Парламентот евакуиран, дојави за бомби во неколку училишта

Зградата на Парламентот на Црна Гора утрово е евакуирана поради дојава дека во институцијата е поставена бомба. Претставници на полициската управа за „Вијести“ информирале дека дојавата била примена кусо пред осум часот. Припадници на полициската управа преземаат мерки и дејствија што се во нивна надлежност и се работи на проверка на информациите, велат од полицијата во Подгорица. Претставници на Министерството …

Continue Reading

Приведен разбојник во Кавадарци

Во Кавадарци вчера во 11 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци, осомничен дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник. Тој, како што информираа денеска од МВР,исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е. Малолетникот бил предаден …

Continue Reading

Анкета: Повеќето Европејци се неутрални кон Кина, додека Русија ја гледаат како противник

Руската инвазија врз Украина доведе до значителна промена во европското јавно мислење, бидејќи двојно повеќе Европејци, речиси две третини од нив, сега ја гледаат Москва како противник или ривал отколку пред војната, покажува анкета спроведена во 11 земји-членки на Европската унија. Повеќе од 60 отсто од Европејците веруваат дека Европа треба да „остане неутрална“ во воениот конфликт меѓу САД и …

Continue Reading