Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте нов ракометар во РК Еурофарм Пелистер

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, десен бек кој досега настапуваше во тимот на актуелниот првак на Данска, ГОГ Гудме, од денеска е нов ракометар на македонскиот шампион РК Еурофарм Пелистер. Цехте се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија, настапувал за германски Хановер, а во текот на сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме учестуваше во …

Continue Reading

Курти: Протестите во северно Косово ги водат луѓе кои го обожуваат Милошевиќ

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека протестите во северно Косово се „протести на луѓе кои го обожуваат воениот злосторник (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ“, а не за нови избори во тие општини со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната собраниска седница, на која се расправа за состојбата во северно Косово, Курти порача дека во Косово …

Continue Reading

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37 годишна жена. МИА претходно информираше во судир меѓу две возила на лице место загинаа …

Continue Reading

Ковачевски – Агелер: Македонија по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ

– Премиерот Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, при што, како што соопшти владината прес-служба, е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата. При тоа, стои во информацијата, изразено е очекувањето дека …

Continue Reading

Шпанска католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година

–   Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година. Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот. Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување …

Continue Reading

Роналдо останува во саудиска Арабија

 – Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, објави денеска дека и следната сезона ќе го носи дресот на саудискиот прволигаш Ал Наср. Роналдо дојде во Саудиска Арабија во јануари оваа година, потпишувајќи двегодишен договор вреден 220.16 милиони долари. Во својата дебитантска сезона во саудиското првенство постигна 14 голови на 16 натпревари, но тоа не беше доволно со …

Continue Reading

„Фиат уно“ излета од патот кај Пирава, загина возачот

 – На патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, Валандовско, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот при што на местото на несреќата починал возачот. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера, а била пријавена околу 10.35 часот. -Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. …

Continue Reading

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип – Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат

– Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и …

Continue Reading

Харадинај бара разрешување на Курти поради „неверство кон сојузниците“ и предавство

 – Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара од пратениците во косовското Собрание да го поддржат неговото барање за гласање недоверба на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната собраниска седница, на која се расправа за состојбата во северно Косово, Харадинај го обвини Курти за предизвикување нестабилност во тој дел од земјата, …

Continue Reading