Шпанска католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година

krst_34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–   Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година.







Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот.

Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите се уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми.

Ел Паис им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку Интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1.957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите.

Само една третина од насилниците се уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK