Битиќи: Поддршката за младите е еден од клучните приоритети на оваа Влада

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отпочнувањето на дискусијата на тема „Домувањето и младите во Северна Македонија“, организирано од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС). Во воведното обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека прашањето на домувањето зазема централно место, особено кога станува збор за помладите …

Continue Reading

Евростат: Зголемен бројот на баратели на азил во ЕУ

Заводот за статистика на Европската унија – Евростат објави дека има зголемување на бројот на барања за азил од лица кои првпат поднесуваат барања. Во февруари 2023 година, 76.505 лица првпат поднеле барање за меѓународна заштита во земјите на ЕУ, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период минатата година, се наведува во соопштението на Евростат. Сиријците …

Continue Reading

Рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува на крајот на овој месец

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници – физички лица дека рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува во среда, на 31-ви овој месец. Заклучно со овој датум, како што посочуваат од УЈП, граѓаните треба да извршат потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој го оствариле во текот на …

Continue Reading

Специјалниот претставник на Кина Ли Хуи на средба со Лавров за решавање на украинската криза

Специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања Ли Хуи ја напушти зградата на руското Министерство за надворешни работи, каде што денеска имаше средба со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, без да даде никакви коментари. Ли и Лавров разговараа за решавање на украинската криза. Претходно руската дипломатска служба објави дека кинескиот специјален пратеник требало да разговара и со рускиот заменик …

Continue Reading

ЕХФ го суспендира Драган Начевски поради наводна вмешаност во местење натпревари

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави денеска дека претставникот на Судискиот одбор во Натпреварувачката комисија на ЕХФ, Драган Начевски, е суспендиран од должноста, поради сè уште непотврдени информации за наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари. Одлуката, како што е соопштено, е донесена по вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ЕХФ во Виена, а по информации добиени претходно во …

Continue Reading

Н1: Немири во Лепосавиќ, северно Косово

Во тек се немири во Лепосавиќ каде се фрлени шок бомби, пренесе Данас повикувајќи се на Н1. Претходно РТС јави дека полицијата го обезбедила влезот на новиот градоначалник на општината Измир Зеќири во зградата на локалната самоуправа во Зубин Поток. Пред тоа полицијата со солзавец ги растера насобраните граѓани, потсетува телевизијата. Голем број припадници на специјалната полиција се уште се …

Continue Reading

Сирени и солзавец на северот на Косово, претседателот на Србија нареди највисока борбена готовност на армијата

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност. Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските …

Continue Reading

Десетина повредени во инцидентите во северно Косово

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јави дописникот на РТС. Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС. Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа …

Continue Reading

Собранието ги изгласа законски измени за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д (ДПЛ)

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на  петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ …

Continue Reading