Вукан Њагуљ, проектант на мостот „Беласица”: Бев оптимист, но штетите се посериозни

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Тој во организација на Институтот …

Continue Reading

АСО: Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една …

Continue Reading

Европарламентарците дадоа поддршка, Македонија да добие 100 милиони евра за реформски процеси и економска стабилност

Европарламентарците изгласаа на Република Северна Македонија да ѝ се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање, соопшти владината прес-служба. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по …

Continue Reading

НБА: Бостон втор пат го совлада Мајами и го продолжи финалето на Истокот

Кошаркарите на Бостон го совладаа синоќа на домашен терен Мајами со 110-97 и со тоа ја намалија негативата на 2-3 во финалната серија на Источната конференција во НБА лигата. Стрелците во домашниот тим ги предводеше Дерик Вајт со 24 поени, еден повеќе од Маркус Смарт. Во тимот на Мајами најефикасен беше Данкан Робинсон со 18 поени, додавајќи девет асистенции и …

Continue Reading

Бислимоски: Како држава имплементиравме се што бара ЕУ од нас кога е во прашање енергетиката

Регионот ја преброди енергетската криза со капацитети изградени од времето на поранешната држава Југославија. Требаше да се случи криза, за политичарите да сфатат колку е важно да се инвестира во енергетски капацитет кои се дефинираат како стратешки, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, на панелот „Како да се стигне до ветената земја на …

Continue Reading

Трубарево без вода

Поради дефект на водоводна цевка, без вода од 09:30 часот ќе бидат корисниците од н.Трубарево, соопшти ЈП Водово и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Грузија го одбележува Денот на незвисноста – 26 Мај

Севкупните односи помеѓу Грузија и Северна Македонија бележат нагорна линија по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, кои меѓу другото, се гледаат и низ призмата на реализираните активности на почесните конзули. Почесните конзулати на Грузија во Скопје и Штип ќе го продолжат својот проактивен пристап во насока на зближување на двете држави и народи градејќи мостови на пријателство и …

Continue Reading

Читаме сликовница со првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, мастер-клас на Николина Манојловиќ-Врачар на „Литера“

На четвртиот ден на Фестивалот за литература и илустрација за деца Литера 2023, гостинка денеска ќе биде Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски. Таа во 13 часот во Музејот на град Скопје ќе се дружи со најмладата публика, со дечињата гости на фестивалот на кои ќе им чита сликовница. Како што информираат од фестивалот, во истиот термин од 13 …

Continue Reading

Со две предфестивалски вечери почнува 36. издание на Фолк фест „Валандово“

Со првата и втората предфестивалска вечер, на која ќе настапат Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и Распеани валандовчани и утревечер со Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ на Градскиот плоштад во Валандово ќе биде крената завесата на 36.издание на Фолк фест „Валандово“. Главната фестивалка вечер ќе се одржи в недела во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на сцената ќе бидат …

Continue Reading