Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација

Полицијата денеска на граничниот премин Богородица приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. -На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин …

Continue Reading

Министерот Алиу оствари средба со ректорите на универзитетите во државата

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска оствари средба со ректорите на универзитетите на Република Македонија на којашто во фокус беа размената на искуства и можностите за соработка, соопшти Министерство за информатичко општество и администрација. Министерот Алиу ја истакна важноста на дигиталната трансформација во сите сфери на општеството, особено во високообразовната дејност. -Денеска ги започнавме и консултациите со …

Continue Reading

Кари ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“, која им оддава почит на сегашните играчи за нивната посветеност на социјалната правда и залагање за долгогодишните вредности на лигата. Кари беше избран од пет номинирани. Оваа година за наградата претендираа и: Крис Пол (Феникс), Џерен Џексон (Мемфис), Тре Џонс (Сан Антонио) и Грант Вилијамс (Бостон). Претходни победници …

Continue Reading

Надал се повлече од Вимблдон

Рафаел Надал и официјално се повлече од Вимблдон. Претходно, шпанскиот тенисер најави дека ќе паузира поради физички проблеми. Надал има намера да се пензионира во 2024 година. Местото на Надал во главната ждрепка ќе го заземе Роман Сафиулин. Грен слемот Вимблдон 2023 ќе започне на 3 јули.

Continue Reading

Премиерно издание на кошаркарскиот турнир за младински категории „Неготино 2023“

Овој викенд  во салата на спортско-рекреативниот центар „Младост“,  ќе се одржи премиерното издание на кошаркарскиот турнир за младински категории, во женска конкуренција „Неготино 2023“. Како што информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, учество ќе земат повеќе реномирани екипи од нашата земја. – Организатор на ова спорско случување е женскиот кошаркарски клуб „Спорт тим“ од Неготино, под генерално покровителство на Општина …

Continue Reading

Дука: Почна реализацијата на најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар

Во Дебар денеска беше означен почетокот на проектот што предвидува реконструкција на неколку улици во дебарската населба „Венец 1″ и изградба на атмосферска канализација. -Овој инфраструктурен мегапроект на општина Дебар, предвидува целосна реконструкција на четири улици во населба „Венец 1″, изградени пред 1980 година, реконструкција на тротоарите и за првпат изградба на нова атмосферска канализација. Проектот е со вредност од …

Continue Reading

Пендаровски на средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Белгија, во Брисел оствари средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соопшти прес-службата на шефот на државата. Претседателот Пендаровски, како што се посочува, оцени дека двете земји негуваат отворена и конструктивна соработка и се заблагодари …

Continue Reading

Бегај: Взаемно признавање меѓу Приштина и Белград позитивно ќе влијае на безбедноста и напредокот на Западен Балкан

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска за време на средбата со американските сенатори Крис Марфи и Гери Питерс во Тирана изјави дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, врз основа на взаемно признавање, позитивно ќе влијае на безбедноста и напредокот на Западен Балкан. Бегај рече дека договорот меѓу Белград и Приштина од Охрид треба да стане правно обврзувачки и меѓународно …

Continue Reading

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната 156. седница Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република  Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година, соопшти владината прес – служба. За време на реализацијата, објаснуваат од Владата, ќе …

Continue Reading