Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

arm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната 156. седница Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република  Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година, соопшти владината прес – служба.







За време на реализацијата, објаснуваат од Владата, ќе се зајакне партнерството и соработката помеѓу нашата држава и останатите сојузници во рамките на НАТО и ќе се прошири и збогати билатералната соработка на Република Македонија со Република Романија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK