Француската Влада бара 413 милијарди евра за модернизација на армијата

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну пред Националното собрание го бранеше барањето на Владата за 413 милијарди евра во следните седум години за развој на армијата, велејќи дека целта е „поправка“ на одбранбената алатка која е „оштетена“. Отворајќи ја расправата за Предлог-законот за воениот буџет 2024-2030 година, тој го бранеше текстот кој „не предлага радикален прекин со нашиот историски модел“, …

Continue Reading

Почетен настан од проектот „Иновативни општински дигитални решенија во Општина Тетово“

Општина Тетово денес организираше конференција како почеток на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово”. Со средства на Европската унија, локалната самоуправа во соработка невладиниот сектор, Фондацијата Албиз ќе работи на подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на услугите кои се се нудат на граѓаните. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами истакна дека дигиталната трансформација е …

Continue Reading

Приведени криумчари, пронајдени 23 лица мигранти

На регионален пат во близина на Гевгелија, деенска околу 07:00 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал , биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 …

Continue Reading

Мицкоски : Проектите во Кавадарци ја заокружуваат целината на предизборните ветувања

Морам да сумирам дека сите овие проекти коишто се сработени овдека во Кавадарци, кои се отпочнати со работа и коишто треба да се завршат, ја заокружуваат целината на предизборните ветувања, што беа дадени за време на кампањата во 2021 година. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев, беше во увид …

Continue Reading

Избрани нови 18 обвинители во 12 обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип

Совет на јавни обвинители денеска ја одржа 80-тата седница на која, беа избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип. За Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип беше избрана единствената пријавена кандидатка, односно досегашна вршителка на должност, Татјана Кацарова. Совет на јавни обвинители избра вкупно 18 јавни обвинители …

Continue Reading

Димитриевски на средба со директорот на Националниот демократски институт (NDI) Скот Хејзлет

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вчера оствари средба со директорот на Националниот демократски институт за меѓународни работи (NDI) во Македонија Роберт Скот Хејзлет, информираа денеска од општина Куманово. Оттаму додаваат дека на средбата, тие разговарале на повеќе теми меѓу кои и за нивната субнационална програма за управување и промовирање на меѓупартиски дијалог. – Остварив продуктивна средба со директорот на …

Continue Reading

Во Куманово промовиран проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Македонија“

Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“, денеска беше промовиран во Занаетчискиот дом Куманово. Проектот има за цел да ги зајакне пчеларските семејства во областа на органското пчеларство со акцент на вклученоста на жените и младите од руралните средини, а го спроведува АДРА Словенија со локалниот партнер АДРА Македонија, поддржан од Министерството за надворешни работи на …

Continue Reading

Реакција на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски за одземените надлежности з аградинката Детска радост

Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда. Ваквата постапка е уште еден јасен доказ дека Министерството за труд и социјална политика води политички, а не законски постапки. До овој момент во општина Гази Баба не е пристигнат …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Кралот на Белгијците Филип

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгијците, Филип. Претседателот Пендаровски и кралот Филип изразија задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство, основани на меѓусебна почит и разбирање. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи беше нагласен интересот …

Continue Reading