На територија на СВР Битола19 санкционирани возачи под дејство на алкохол

– Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 19 возачи, кои биле исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци. МВР …

Continue Reading

На кандидатските листи во Грција седум Албанци, со право на глас 160 илјади

– На денешните парламентарни избори во Грција, на кандидатските листи се седум Албанци, јави abcnews.al. – Еден од нив е и Фатос Малај кој е на листата на ПАСОК. Тој вели дека е многу важно Албанците во Грција да излезат што помасовно и да гласаат за кандидатите Албанци за да им дадат можност да ги реализираат барањата на емигрантите, наведува телевизијата. …

Continue Reading

Во Делчево заврши интердисциплинарната манифестација „За сите деца”

– Во Делчево заврши интердисциплинарната  манифестација „За сите деца“ која со низа содржини Здружението на граѓани „Еуритмикс“ ја организираше по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Во рамки на програмата свој настап имаа членови на музичката Aкадемија MASS кои се претставија со музички точки на гитара, пијано и соло пеење, а беше одиграна и драмата „Панургиј“ …

Continue Reading

Парламентарни избори во Грција: Граѓаните очекуваат стабилна Влада, но сметаат дека ќе бидат потребни втори избори (Фото)

 – Стабилна Влада, мирен изборен процес и поголема излезност од пред четири години, очекуваат Грците со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, но сепак не се оптимисти дека по денешните избори земјата ќе добие Влада. Нешто помалку од десет милиони Грци денеска гласаат на парламентарните избори, кои пет часа по отворањето на гласачките места се одвиваат мирно и без …

Continue Reading

Истрага и предлог за притвор за разбојништво во обложувалница

 – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишникот од Куманово, кој откако вчера избегал од затворот „Идризово“, со употреба со огнено оружје и закана дека непосредно ќе нападне врз животот на едно лице, извршил разбојништво во обложувалница. Како што соопшти ОЈО, осуденото лице избегало од КПУ „Идризово“, каде требало да издржува казна затвор заклучно со …

Continue Reading

Бајден ги покани јапонскиот и јужнокорејскиот лидер на средба во Вашингтон

 – Американскиот претседател Џо Бајден, кој престојува во јапонскиот град Хирошима на Самитот на Г7, денеска ги покани јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на трилатерална средба во Вашингтон, изјави американски официјален претставник. Тројцата лидери кратко разговараа на маргините на самитот на Г7, каде Јапонија ја покани Јужна Кореја да учествува како трета земја. Токио и Сеул …

Continue Reading

Тројца прилепчани приведени поради кражба во црква

– Во близина на село Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп, бидејќи се сомничат дека во кругот на црквата „Св.Никола“ во село Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети.  Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) лицата, делото го извршиле вчера во 13:30 часот и по целосно документирање …

Continue Reading

Високата старосна граница на судиите ќе ги испразни судниците, ефикасноста на судовите пред нов предизвик

 – Недостигот на судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите. Голем дел од судовите работат со помалку од една третина од предвидените судии. Тоа значи трипати повеќе работа за секој судија, трупање предмети, одолговлекување на пресудите. Ова е дел од заклучоците од анализата што ја направија дописниците на МИА во државата. Судскиот совет неодамна распиша конкурс за вработување …

Continue Reading

Рама: Албанија прва во Европа по раст на туризмот споредено со пред пандемијата

–  Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот. Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот …

Continue Reading