Бајден ги покани јапонскиот и јужнокорејскиот лидер на средба во Вашингтон

bajden_67575756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Американскиот претседател Џо Бајден, кој престојува во јапонскиот град Хирошима на Самитот на Г7, денеска ги покани јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на трилатерална средба во Вашингтон, изјави американски официјален претставник.







Тројцата лидери кратко разговараа на маргините на самитот на Г7, каде Јапонија ја покани Јужна Кореја да учествува како трета земја.

Токио и Сеул сакаат да ги зајакнат врските пред Северна Кореја, која ја гледаат како растечка закана.

Американскиот официјален претставник рече дека наскоро ќе биде објавен датумот на трилатералната средба и дека засега нема дополнителни информации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK