Општина Куманово поднесе кривична против поранешно вработено лице за злоупотреба на службена должност

Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината со иницијали В.Б. за злоупотреба на службена должност, по член 353 од Кривичниот законик, информираа денеска од општината. Како што наведуваат во соопштението, посоченото лице се сомничи дека ја оштетило Општина Куманово на начин што, од работната позиција, која што ја вршело во постапка за легализација по предметниот имот …

Continue Reading

Арбен Јашари нов заменик директор на БЈБ

Арбен Јашари е нов заменик директор на Бирото за јавна безбедност – БЈБ на која позиција до вчера беше Ариф Асани. Од МВР за МИА соопштија дека Јашари доаѓа од Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Дебата за улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Македонија и Бугарија

Свесноста за постапките и за наративите кои се користат кога станува збор за oдносите меѓу Македонија и Бугарија е од особено значење, беше истакнато на денешната дебата „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Македонија и Бугарија”, организирана од Евротинк. Амбасадорот на Чешката Република во Македонија Јарослав Лудва, истакна дека целта на дебатата е да се пронајде заеднички јазик помеѓу …

Continue Reading

Зеленски во посета на Италија и Германија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе го посети Рим, каде се предвидени средби со италијанските политичари, а најверојатно ќе се сретне и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Неименуван италијански претставник потврди дека Зеленски ќе се сретне со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со премиерката Џорџа Мелони, која во февруари го посети Киев. Извор близок до Ватикан …

Continue Reading

Четири нови бајки по повод десет години од „Браво сине!“

Со промоција на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ денеска одбележа десет години од своето постоење. Станува збор за бајките „Океанија“ од авторот Мартин Миљев и илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од авторот Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од авторката …

Continue Reading

Почна чистењето на дивите депонии во Куманово

Почнаа пролетните акции за расчистување на дивите депонии во Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. На подрачјето на Куманово детектирани се десетина поголеми депонии. За чистењето на депониите со програмата одвоени се два милиони денари. Претпријатието за чистење ја користи новата механизација која општината ја набави преку кредит од Светска Банка. -Лоциравме десетина поголеми депонии на …

Continue Reading

Кан ослободен со кауција

Судот во Пакистан донесе одлука поранешниот премиер Имран Кан да биде ослободен со кауција во траење од две недели, изјави неговиот адвокат денеска, откако неговото апсење предизвика масовни протести и судир со војската. Апсењето на Кан, кое Врховниот суд го прогласи за „невалидно и незаконско“ еден ден претходно, предизвика нестабилност во земјата со 220 милиони жители погодена од економска криза, …

Continue Reading

Обвинителството најавува жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Откако ќе ја добиеме пресудата во законскиот рок ќе вложиме жалба. Се надевам дека Апелацискиот суд Скопје, кој е надлежен да одлучува по жалбата, ќе донесе правилна и законита одлука, изјави јавниот обвинител, Стевчо Дончев по ослободителната пресуда за случајот „Тендери“. Откако Судот пресуди дека поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова …

Continue Reading

Приведени 10 лица од Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација и трговија со дете

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со секторите за внатрешни работи Тетово и Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со …

Continue Reading