Спречена нелегална сеча на дрвја на Водно

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост на Водно. На локацијата не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски. Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен …

Continue Reading

Три дена пред претседателските избори во Турција се повлече еден од противниците на Ердоган

Лидерот на партијата Татковина (Мермлекет) и еден од четворицата кандидати на претседателските избори во Турција, Мухарем Инџе денеска ја повлече кандидатурата. Според анкетите Инџе на изборите в недела би добил од два до четири отсто од гласовите. Поголем број членови на партијата Татковина изминатите денови поднесоа оставки поради загриженост оти кандидатурата на Инџе би можела да го спречи Кемал Киличдароглу …

Continue Reading

Ковачевски: Ќе анализираме како ќе се регулира користењето на социјалните мрежи во училиштата

Училиште од Пехчево не дозволува телефони за време на настава. Ова како пракса совршено функционира со години, но се популаризираше деновиве, кога јавноста се разбранува со бројни закани на социјалните мрежи од страна на ученици, по трагедијата која се случи во Србија. Прашањето дали носењето телефони ќе се регулира и во останатите училишта на територија на државата денеска беше упатено …

Continue Reading

Пенов: Преку успешно имплементирање на ИПА инструментот за прекугранична соработка, се презентира и зрелоста на земјите за интегрирање во ЕУ

Спроведувањето на Програмите за прекугранична соработка со финансиска поддршка од ИПА инструментот на Европската Унија е најдобриот начин за учење на правилата на ЕУ за управување со јавните финансии и за спроведување на проекти, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на 9-тиот Форум за прекугранична соработка на земјите од регионот. -Ја поздравувам оваа пракса на Европската Комисија за организирање …

Continue Reading

Кумановскиот градоначалник Димитриевски оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски денеска се сретна со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, информираа од општината. Амбасадорката е во прва официјална посета на Општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски имаше работен состанок со амбасадорката Софиа Филипиду и секретарот Димитриос Псиахас. – Во пригодна атмосфера се потенцираа досегашните искуства и активности меѓу двете држави. Се разговараше и за актуелните општествени теми …

Continue Reading

Уставните измени и скринингот во фокусот на средбата Лога-Дрекслер

Уставните измени, скринингот, евроинтегративните процеси и актуелните состојби во правосудството беа во фокусот на средбата на министерот за правда, Кренар Лога, со новата амбасадорка на Германија, Петра Дрекслер. Како што информираат од Министерството за правда, Министерот Лога на средбата истакнал дека работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот интензивно работи и очекува во најскоро …

Continue Reading

„Генералка Викенд“ оваа сабота во Охрид

Општина Охрид се вклучува во големата  еколошка акција „Генералка викенд“ што в сабота ќе се реализира во повеќе градови низ земјата. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и …

Continue Reading

Велика Британија испраќа ракети со долг дострел во Украина

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека Велика Британија испраќа крстосувачки ракети со долг дострел во Украина за да помогне во борбата против руските сили. Валас пред пратениците во Долниот дом рече дека Велика Британија ги подарува ракетите Storm Shadow со дострел од повеќе од 500 километри. Тој не кажа колку ќе бидат испратени, ниту дали веќе пристигнале …

Continue Reading

За четири месеци во Тетово „пајак-службата“ подигнала 1440 возила

Во периодот од јануари до април односно за четири месеци СВР Тетово има евидентирано дека се преземени 906 мерки за неправилно паркирање, а 1440 возила се подигнати од пајак-службата. Најголемиот број од мерките се однесувале на паркирање на недозволени места и во таканаречени „двојни-редови“. -Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација и со …

Continue Reading