Врховниот суд на Пакистан нареди ослободување на поранешниот премиер Кан

Врховниот суд на Пакистан одлучи дека апсењето на поранешниот премиер Имран Кан е незаконско и нареди негово итно ослободување, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми. Тројца судии во главниот град Исламабад ја сослушуваат петицијата на Кан против неговото апсење во вторникот, под обвинение за мито. Но, Врховниот суд го советуваше Кан да соработува со истражната агенција која ги истражува …

Continue Reading

Пелеши од Туминец: Без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци

Во Преспа  живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши од изборниот собир одржан во селото Туминец. Пелеши, кој е координатор за …

Continue Reading

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година

Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија. Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување по ред. Други големи централни …

Continue Reading

Грците одбраа да ја гледаат дебатата на политичките лидери, наместо полуфиналето на Лига на шампиони

Рејтинзите на грчките телевизии покажуваат дека синоќа, Грците одбрале да ја гледаат ТВ дебатата на лидерите на политичките партии, наместо полуфиналниот фудбалски натпревар од Лигата на шампиони меѓу Милан и Интер, јави дописничката на МИА од Атина. Дебатата почна еден час порано од натпреварот и завршија речиси во исто време, а согласно податоците од Нилсен што ги објави ЕРТ, државната …

Continue Reading

Австриски пратеници се сретнаа со Клубот на пратенички во Собранието

Делегација на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Македонија, која престојува во дводневна посета на Скопје, денеска оствари средба и со Клубот на пратенички. -Од она што го слушнав и видов, можам да заклучам дека ние можеме да учиме од вас во поглед на застапеноста на жените во политиката и битката за родова …

Continue Reading

Министерот Лога со писмо ја информира меѓународната заедница за неспроведувањето на пресудите на ЕСЧП од страна на Бугарија

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во Република  Македонија, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија. Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од Министерството за правда, …

Continue Reading

Агросовет: Земјоделството е најзначајната економска гранка во евроинтеграцискиот процес

Предизвиците за земјоделскиот сектор во евроинтеграцискиот процес, беа во фокусот на денешната седница на Агросоветот. Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство пред членовите на Агросоветот детално ги презентираа клучните барања за усогласување на законските регулативи во фитосанитарната политика, рибарството и аквакултурата, како и барањата за исполнување на европските стандарди во областа на …

Continue Reading

Комисиска расправа за предлозите за избор на членови на Советот на јавни обвинители

Во Собранието денеска продолжува седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република  Македонија. Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела …

Continue Reading

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 – почнува најмасовната акција за пролетно чистење

Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери. Во …

Continue Reading