Вучиќ: Разговаравме со Путин, тој добро разбира што се случува во регионот


vuchich-putin-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател, Александар Вучиќ објави дека разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин.


„Многу добар разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин за сите важни прашања од нашата билатерална соработка и потврда за претстојната средба на 9 мај во Москва“, рече Вучиќ.

„Разговаравме за политичката соработка, и неопходноста да продолжи закрепнувањето на трговската размена и економската соработка“, рече Вучиќ, додавајќи дека станало збор за договорот за снабдување со гас и ситуацијата во БиХ.

„Една од клучните теми беше ситуацијата во регионот. Му ја пренесов пораката од претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Путин добро ја разбира ситуацијата во регионот, ги гледа обидите и потезите на високиот претставник во БиХ, дека целта е да се собори Додик. Руската Федерација отсекогаш ги поддржувала Дејтонскиот договор и Република Српска. Морам да кажам и дека луѓето во Србија се загрижени за обидот за шарена револуција и јас разговарав со него за тоа. Му се заблагодарив што руските власти не го поддржуваат тој обид. Путин имаше јасен, прецизен став дека Русија разбира и гледа што се случува и дека ќе продолжи да ја поддржува легитимно избраната влада во Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ ќе ја посети Русија на 9 мај, на 80-годишнината од прославата на победата над фашизмот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK