Во Србија се потврдени 297 случаи на голема кашлица

Претепан-доктор-на-клиника-во-Белград-има-сериозни-повреди-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 297 потврдени случаи на голема кашлица се пријавени на територијата на Србија, кај кои дијагнозата е поставена од почетокот на 2024 година, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија, повикувајќи се на податоци на Јавната здравствена служба заклучно со 4 февруари.



Од почетокот на 2024 година, пријавени се два смртни случаи предизвикани од пертусис кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци, се додава во соопштението.

Од вкупниот број пријавени случаи, 23 од нив се хоспитализирани, а најголем број хоспитализирани пациенти се во возрасната група помлади од 12 месеци, се додава.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK