Во Германија теоретичар на заговор активира експлозив при што повреди 12 пожарникари и полицајци

ГЕРМАНИЈА
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дванаесет полицајци и пожарникари денеска се повредени при експлозија во станбена зграда во градот Ратинген, западна Германија, соопшти полицијата.

Полицијата и противпожарната служба биле повикани од немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија.


Некои пожарникари и полицајци се потешко повредени.

По експлозијата приведен е 60-годишен маж под сомнение дека намерно го активирал експлозивот.

Регионалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведениот е теоретичар на заговор, кој го негира постоењето на коронавирусот.

Во станот на приведениот била пронајдена почината жена, чиј идентитет сè уште е непознат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK