Анкета: Помалку од половина Американци искажуваат спремност да преминат на електрични автомобили

анкета
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приблиќно четворица од десет возрасни Американци до некаде и веројатно ќе преминат на електро автомобили кога ќе дојде време за купување нов автомобил, се дознава од анкета на Центарот за иследување јавни политики на новинската агенција Асошиејтед прес-НОРК и Институтот за енергетска политика при универзитетот Чикаго.







Според анкетата, чии резултати беа објавени денеска, главен фактор што испитаниците ги одвраќа од купување електро автомобил се високите цени и премалиот број станици за полнење на батериите.

Од анкетата се дознава дека ако се пресмета субвенцијата од државата за купување нов електричен автомобил, што е во висина до 7.500 долари, на претседателот на САД Џо Бајден и на автомобилската индустрија ќе им биде тешко да ги убедат возачите да се откажат од лесни и товарни возила на бензин во корист на возила што не испуштаат издувни гасови.

Автомобилските компании во САД инвестираат милијарди долари во фабрики и нови технологии за ефикасни батерии, во обид да се забрза преминот кон електрични возила, да се намали загадувањето од издувни гасови и борба со климатските промени.

Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) предложи мерки според кои две третини од сите продажби на нови возила во САД до 2032 година да бидат продажби на електрични возила. Додека Бајден пак постави цел од 2030 година половина од продадените нови возила да бидат возила на електричен погон.

Резултатите од анкетата укажуваат дека постигањето на овие цели ќе оди тешко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK