Урсула фон дер Лајен: Ако бидам реизбрана ќе се залагам за проширување на ЕУ со Западен Балкан

Фон-дер-Лајен-Британија-е-на-пат-повторно-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека, доколку биде реизбрана на таа функција, ќе биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

На прес-конференција во Брисел, на прашањето на „Танјуг“ дали проширувањето на ЕУ со Србија и остатокот од Западен Балкан ќе биде меѓу нејзините приоритети доколку обезбеди втор мандат на чело на ЕК, фон дер Лајен рече дека отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето, како и дека таа многу јасно ставила до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги.

„Сè уште инсистирам на тоа, но добро е да се види како Западен Балкан, но и на пример Украина и Молдавија, прават се што е можно за да ги спроведат потребните реформи и да напредуваат кон Европската унија. Така, се разбира, во потенцијалниот следен мандат ќе ме најдете како силен поборник за проширување кон Западен Балкан“, рече Фон дер Лајен.

 

Таа додаде дека Планот за раст за Западен Балкан е многу јасна порака за процесот на проширување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK