„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, „Многу долг земјотрес“, велат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер е регистриран на подрачјето на Никшиќ, а во моментов нема информации за материјална штета, објавија црногорските медиуми.
По проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.
Земјотресот бил почувствуван се до Сараево, Дубровник и на многу други локации.
„Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.