Телото на Данка од Србија се бара во бунари, септички јами, шахти – осомничените дале 20 погрешни локации

danka2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Откако исчезна девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на српското МВР активно трагаа по неа.

Полицијата веќе во првите часови по исчезнувањето ја проверуваа секоја дупка во која можело да падне девојчето, но откако беше објавено дека е убиено и дека зад убиството стојат работниците на јавното претпријатие „Водовод“, полицајците почнаа да го бараат телото на девојчето во бунарите, шахтите. Се сомнева дека овој правец на претресот е почнат токму поради тоа што осомничените добро ги познавале шахтите и бунарите во селата Бањско поле и Злот.

Бањско поле беше клучно место во првите денови од потрагата по Данка Илиќ. До доцна во ноќта по девојчето трагаа голем број полицајци, како и пожарникари и спасувачи. Ја прегледаа шумата и секоја педа од Бањско поле – од грмушки, бараки, недовршени згради, па се до септички јами, бунари и шахти.

И покрај признанието на Дејан дека го извршил убиството, а Далибор дека му помогнал на својот брат да го сокрие телото, се’ уште не се знае каде е сокриено телото на девојчето.

Во меѓувреме, Далибор почина во полициска станица за време на приведувањето, а полицијата со денови стои пред домот на семејството Драгијевиќ, каде што остана само мајката на Дејан, Светлана.

Најпрвин била испразнета септичката јама во нивниот двор во село Злот, потоа влегол багер, а бил прегледан и бунарот кој се наоѓа во соседниот двор.

Полицајците извршиле увид и во дворот на соседот на семејството Драгијевиќ – од септичката јама до бунарот.

Пожарникарите и спасувачите при претресот испумпувале и вода од блиското мочуриште.

Далибор Драгијевиќ, кој почина ноќта меѓу 6 и 7 април во полициска станица, призна дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото на двегодишната Данка. На полицијата и набројал 20-тина локации на кои би можело да биде телото, но на тие места полицијата не пронашла ништо, пишува „Блиц“.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кога отишла на семејниот имот со нејзината мајка Иван и нејзиниот тригодишен брат.

Се сомнева дека Јанковиќ и Драгијевиќ прво го удриле девојчето со службениот автомобил. Драгијевиќ потоа наводно го задавил девојчето и се ослободиле од телото кое досега не е пронајдено.

Драгијевиќ пред обвинителот го признал делото, а Јанковиќ се бранел молчејќи. Потоа на двајцата им беше одреден притвор до 30 дена.

Во меѓувреме полицијата ги уапси Радет и сега починатиот Далибор Драгијевиќ, под сомнение дека се

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK