Струјата да поскапи 27% од 1 јануари, бараат МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО, одлука следната недела

СДСМ-Со-мерката-за-евтина-тарифа-едно-семејство-заштедува-1000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комсија за енергтика (РКЕ) ги доби барањата за одредување нова цена на струјата од АД МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО. Компаниите бараат од 1 јануари струјата за поскапи 27 %, но одлуката дали воопшто ќе им биде одобрено поскапување и колкаво би било, Регулаторната комисија допрва ќе ја носи.


„Барањата ги добивме, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи. Сега влегуваме во процес во кој што детално ќе се скенираат сите трошоците на овие три компании и ве уверувам дека ќе бидат прифатени и одобрени само оние ставки со кои ќе се овозможи стабилна и сигурна испорака на електрична енергија исклучиво по принцип на домаќинско работење“, рече Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од 1 јануари Регулаторната комисија во сметките за струја ќе ја раздели ставката за дистрибуција во потставка пристап до мрежа.

„Станува збор за порано употребуваниот фер принцип за сијалично место – пристап до мрежа. Практично тоа значи дека најголем број на потрошувачи ќе добијат пониски сметки за мрежарина, додека оние кои користат викендички ќе плаќаат за пристап до мрежа. Со оваа реформа ќе се закружи процесот на фер сметки и ќе се обезбеди правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици“, објасни професорот на ФЕИТ, Рубин Талески.

Откако Регулаторната комсија ќе ги соопшти тарифите за МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, под целосен надзор на РКЕ согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета и соопшти крајна цената на електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK