Средба Пендаровски – Марфи: Поддршката од САД за европските аспирации на државите од Западен Балкан

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и САД, состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и аспирациите на нашата земја за членство во Европската Унија, беа главни теми на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со американскиот сенатор од редовите на Демократската партија, Крис Марфи.

Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава придава особено значење во развојот на севкупната соработка со САД, во духот на стратешкото партнерство, како и во контекст на сојузништвото во НАТО.


– На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што САД ја даваат за европските аспирации на државите од Западен Балкан, во функција на обезбедување на траен просперитет на целиот регион, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK