Со светата литургија во Охрид ПОА припоена кон МПЦ-ОА, одлуката официјално Синодот треба да ја потврди на состанок на 20 јуни

gg-stefan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со света архиерејска литургија во црквата Света Софија во Охрид денеска беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Со литургијата чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.


Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во кратка изјава за медиумите кажа дека во однос на прашањето за припојувањето на ПОА со МПЦ ОА треба да има седница на Синодот на 20. овој месец.

-Ќе има синодска седница и тоа официјално ќе го објавиме. Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец, рече Тимотеј.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликува српскиот партијарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон нашата црква.

Изразувајќи благодарност за добиеното одличје, поглаварот на СПЦ Порфириј, по отслужената литургија кажа дека е исполнет со радост што денеска е во Охрид, во преубавиот храм Св. Софија, напоменувајќи дека во овој храм српски патријарх служел и пред 100 години.

-Се радувам и поради поводот, а тоа е една година од кога ја слававме вистинската и права педесетница овде во Охрид и Белград, а тоа значи го славевме роденденот на црквата Христова и секако по повод доделувањето на томосот на вашата автокефална црква во Макаедонија. Се што имаме, што мислиме, што вреди и е од Бога, затоа е и тој дар да можеме во име на божјиот дух да се видиме како сестрински цркви, тоа е божји дар. Иако Бог секогаш дарува, неопходно е и ние да ја разбереме неговата волја и да послужиме неговата волја да се исполни, рече Порфириј.

Тоа, нагласи, важи како за секој нас поединчено, но и како заедница.

– Затоа и поводот за денешното славење е настанот од пред година дена во кој нашата смиреност, кога учествуваме како последни слуги, а всушност благодарејќи на вашата смиреност, верба и молитва тој дар стана реалност за сите нас и секако соработката со вашите браќа архиереи и тоа како е важна, а важна е и верата и љубовта и молитвата сега веќе на назначениот митрополит Јован и епископите кои се заедно со него, додаде Порфириј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK