Кирил Лазаров и неговите избраници добија „жежок“ шамар од Грција, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Грција ја победи Македонија со 29:24 (16:9). Единствено добро е што Македонија загуби со само пет гола, бидејќи Грците долго време држеа предност од седум гола, а во 52-та минута разликата беша девет гола.
Самиот почеток на натпреварот покажа дека на Македонија ќе и биде многу тешко да оствари поволен резултат на тешкото гостување.
Грците отворија со 5:2, Македонија се врати на гол негатива, но Грците експресно во 12-та минута си ја вратија предноста од три гола. До крајот на првото полувреме Грците со две серии од 3:0 ја достигнаа највосоката разлика од седум гола.
Во првиот дел ништи не функционираше во играта на Македонија. Нападот не успеа да се прилагоди на цврстата грчката одбрана, а во одбраната само голманот Томовски беше светла точка. Грците премногу лесно добиваа шанси да шутираат од девете метри.
Сличен тек имаше и вториот дел. Грците речиси рутински ја одржуваа предноста, а кога во 52-та минута на семафорот стоеше 29.20, постоеше сериозна загриѓеност дека Македонија ќе доживее дебакл.
Токму во тие последни осум минути, македонските ракометари го имаа најдоброто издание, успеаја да да изборат пристоен пораз.
Томовски со 11 одбрани беше најдобар во нашиот тим, Кузмановски и Костески со по седум бода беа најефикасни.
Foto/ facebook.com/rfmofficial