Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, одржа прес конференција пред утрешниот натпревар со Шкотска, во рамките на третото коло во Лигата на нации.
Мандатот на Седлоски како селектор на националниот тим, засега е катастрофален. Македонија одигра шест натпревари, два пати ремизираше, запиша четири порази, но она што загрижува е што Македонија со новиот селкетор се уште нема постигнато гол.
Циклусот во Б дивизијата, во Лигата на нации, Македонија го започна со поразите од Швајцарија (3:0) и Словенија (2:0).
Селекторот, во пресрет на натпреварот прптив Шкотска, побара од јавноста да ги поддржи фудбалерите и уште еднаш потврди дека намерата е да продолжи со процесот на подмладување.
„Екипата е значително подмладена, а во договор со Федерацијата, тој процес ќе продолжи. Критиките нека бидат упатени кон мене. Целта е да создадеме нови играчи кои ќе го носат тимот, тој процес не може да се случи преку ноќ“, рече селекторот Седлоски.
Foto/ ffm.mk