Две лица се ранети во вечерашното пукање пред тетовската болница.
СВР Тетово информираше дека околу 18 часот и 5 минути е пријавено пукање пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница, при што две лица од тетовското село Гајре, се здобиле со прострелни рани.
Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информира СВР Тетово.
Додаваат дека се работи на расчистување на случајот.